Свет
Москва и Киев постигнаа привремен договор за извоз на руски гас во Украина
Претставниците на Москва и Киев во петокот во германската престолнина Киев постигнаа договор за повторна испорака на руски природен гас на Украина, при што украинската страна на руската државана компанија „Газпром“ до крајот на декември мора да и’ исплати 3,1 милијарди американски долари, од вкупниот долг, изјавил за новинарите кои го очекуваа исходот од состанокот неименуван европски функционер.
Претставниците на Москва и Киев во петокот во германската престолнина Киев постигнаа договор за повторна испорака на руски природен гас на Украина, при што украинската страна на руската државана компанија „Газпром“ до крајот на декември мора да и’ исплати 3,1 милијарди американски долари, од вкупниот долг, изјавил за новинарите кои го очекуваа исходот од состанокот неименуван европски функционер.
Подоцна Гитнер Итингер, потпретседателот на Европската комисија, којашто се јавува како посредник во повеќемесечните мачни преговори меѓу Русија и Украина, прецизираше дека Киев до крајот на октомври на „Газпром“ треба да му исплати две милијарди долари, а до крајот на годината уште 1,1 милијарда долари. „Остатокот од долгот на Украина за гасот е предложено да се намири по решението на арбитражниот суд во Стокхолм, доколку е полза на Москва“, рекол Итингер кого го цитира РИА Новости.
„Газпром“ инаку соопшти дека вкупниот украински долг изнесува над 5,4 милијарди долари, но Киев одби да го плати, базирајќи се на тоа што откако прозападната опозиција го собори украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој доби од Москва исклучително ниска цена на гасот, од 268 долари за илјада кубни метри гас, руската страна го раскина договорот и ги врати цените без сите бенефити на 485 долари. Киев тоа го смета за принуда и бара да го плаќа гасот по повластена цена. Европските потрошувачи инаку плаќаат околу 380 долари за илјада кубни метри руски гас.
„Станува збор за следното: Украина се обврзува да г плати отворените фактури, станува збор за 2 милијарди долари, што мора да се направи не подоцна од крајот на октомври. Таа исплата мора да оди на сметката на руските партнери. И Комисијата претходно од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе добие соодветна гаранција“, изјавил Итингер.
Покрај тоа, според Итингер, Украина до крајот на годинава треба да изврши уште една транша во износ од 1,1 милијарда долари. „
Според него, во петокот во Берлин било разговаран за основните точки за ткн „зимски пакет“, „Веруваме дека ова е вистинското решение за зимата што наближува и пролетта. Главната одлука може да биде донесена и подоцна, но ми се чини дека оваа решение може да стане предмет на договорот“, додал потпретседателот на ЕК.
Рускиот министер за енергетика, Алескандар Новеак, изјавил дека привремениот договор би можел да биде основа за решението во текот на претстојната зима, иако Русија ќе и’ испорачува гас на Украина, дури откако ќе пристигне првата уплата. Пред почетокот на разговорите во петокот, германскиот дневен весник Handelsblatt го објави разговорот со Новак во кој предупреди дека сите членки на Европската унија кои добиваат руски гас а го резивезуваат во Украина ќе се соочат со пречки и прекин на испораките, како и дека Унгарија веќе ги прекинала своите испораки на енергенсот за Киев.
Еден ден откако унгарскиот гасен оператор FGSZ ја стопираше испораката на гас за Украина, унгарскиот премиер Виткор Орбан во петокот изјави дека неговата земја веќе има гарантиран договор за зголемен увоз од руски „Газпром“. Во директната програма на јавното радио рече дека разговарал со извршниот директор на рускиот енергетски гигант, Алексеј Милер, како и дека компанијата се согласила на испорака на зголемени количества гас коишто ќе овозможат зголемување на нивото на складираниот гас во следните неколку седмици.
Унгарскиот чекор предизвика протест на украинската државна компанија „Нафтогаз“ која ги повика своите унгарски партнери да ги почитуваат договорните обврски и законите на ЕУ,а претставниците на Европска комисија во петокот извршија притисок врз Будимпешта потсетувајќи ја дека има наводна обврска да ја снабдува Украина со гас, реагирајќи на одлуката на унгарскиот оператор да ги прекине испораките на гас.
„Нашата порака е јасна: од сите земји членки очекуваме да го олеснат снабдувањето со гас во обратна насока“, кон Украина што всушност на ЕУ и’ овозможува да му го препродава рускиот гас на Киев, рече портпаролката на ЕК, Хелен Кеарнс.
„Таков договор постигна Европскиот совет со цел за рамномерна енергетска сигурност. Ништо не ги спречува европските компании слободно да располагаат со гасот купен од ’Газпром’… вклучително и можноста да го препродаваат истиот гас на трети земји, а меѓу нив е и Украина“, изјави портпаролката откако „Газпром“ ја предупреди ЕУ дека препродажбата на рускиот гас ја смета за противзаконска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Ново
Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.
Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.
Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.
Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.
Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.
Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.
„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.
Економија
Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера
Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.
Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.
Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.
„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.
Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.
„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.
Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.
Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.
ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.
Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.
„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.
Свет
Убиени 41 член од исто семејство во Газа
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.