Контакт

Сцена

Јубилејно 40-то издание на Млад отворен театар

Објавено пред

Од 23 до 28 септември љубителите на театарската уметност ќе уживаат во програмата на јулилејното 40-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура.
 

dobivaj vesti na viber

Од 23 до 28 септември љубителите на театарската уметност ќе уживаат во програмата на јулилејното 40-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура.

 

„МОТ со своите 40 историски изданија значи многу за градот Скопје и за театарскиот живот воопшто, бидејќи го продолжува континуитетот со размена и циркулирање на млада, свежа и авангардна театарска енергија меѓу учесниците и посетителите на театарските настани. Досега во 40-те години на фестивалот, како учесници биле презентирани театарски групи, театри, како и самостојни театарски уметници од  над 70 земји од Европа и од светот со повеќе од 700 изведби“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. На повеќе различни сцени низ Скопје (МКЦ, МОБ, Универзална сала, Драмски театар, Театар комедија, Музеј на холокаустот и Македонски народен театар)  ќе се одиграат вкупно 15 театарски продукции од кои седум се од Македонија , седум се од Србија, Швајцарија, Велика Британија, Грција, Русија, и една ко-продукциска претстава на Македонија, Србија, Хрватска и Словенија насловена  „КОМПЛЕКС РИСТИЌ” во режија на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ.  Фестивалот ќе биде отворен на 23-ти септември, во 20 часот на Големата сцената на Македонска опера и балет со претставата „Алијас“, Женева, со настапот на водечка танцова група, чии членови на сцената се голи и затоа е означена  како  +16 години.Истата вечер во МКЦ , во салата Фросина од 22.30 часот ќе се одигра и претставата „КОМПЛЕКС РИСТИЌ” во режија на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ, што е ко-продукциска претстава на  театри од Македонија, Србија, Хрватска и  од Словенија.На 24.09.2015 година, во 20 часот  на Мала сцена во МОБ е претставата „Самовили“,   Гогољ центар од Москва, која исто така   е означена  како  +16 години.  Во 23 часот во  во МКЦ ќе се одигра претставата „ Време за забава“, од театарката група Гнев.На 25.09.2015 година,  во 20 часот  во МКЦ е претставата „Другата страна“ на нашиот автор Дејан Дуковски. Во 22:30 часот во Музеј на холокаустот е претставата „Солун, град на духови“ во изведба на Театарот на навигаторот Цветко од Скопје.На 26.09.2015 година, 18 часот на Малата сцена во МОБ ќе се одржи претставата „Федра“, ко-продукциска претстава на театрите „Јордан Константинов Џинот“ од Велес и „Словенско младинско гледалиште“ од Љубљана. Во 20 часот  во МКЦ ќе се одигра претставата „Црвена шума“ од Белорускиот слободен театар кој работи во Лондон, има 32 члена , а претставите ги игра тајно. Истата вечер, во 22.30 часот на Малата сцена на Театар комедија, Турски театар  од Скопје ќе ја одигра претставата „Прометеј“.На 27.09.2015 година, во 18 часот во Македонски народен театар, ќе се одржи претставата „Дневникот на лудакот“ на Мoving , musig theatre од Битола, во 20 часот во сала Фросина во МКЦ е претставата „Неопланта“ , што ќе ја одигра Новосадски театар „Ујвидеки синхаз“,  а во 22.30 часот во МКЦ ќе се одигра „Кој пукаше на 21-ви?“ во продукција на МКЦ.На 28.09.2015 година во 18 часот во Македонски народен театар ќе се одржи претставата „Електра“  во изведба на  актерите на Македонски народен театар, а во 21 часот во МКЦ ќе се одигра претставта „ А каде е револуцијата, стоко?“.Во рамките на овогодишниот МОТ ќе промовира и монографијата на Љубиша Никодиновски –Биш , посветена за 40-те фестивалски години, а годинава  е новитет и организирањето на  Македонскиот театарски маркет, на кој ќе бидат поканети режисери од повеќе држави коишто ќе можат да гледаат наши театарски претстави. Реалното шоу, како што го нарече годинешново издание на МОТ, директорот на МКЦ Златко Стевковски, ќе биде реализирано со буџет од 7 милиони денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за култура, а од Буџетот на Град Скопје за оваа намена се издвоени 2 милиони денари./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија4 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа4 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ5 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија8 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет9 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет10 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија11 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија1 ден

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија1 ден

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија1 ден

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ1 ден

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...