Македонија
СДСМ повлече два приговора

Овластениот претставник на Коалицијата за живот на Македонија, предводена од СДСМ, пред почетокот на продолжението на седницата на Државната изборна комисија, повлече два од преостанатите четири неразгледани приговори за изборни нерегуларности.
Како што рекоа од таму, ги повлекуваат приговорите за избирачко место 1984, како и за избирачко место 1983.
Со ова остануват да се разгледаат само уште два приговора.
ДИК расправа за приговорот за избирачко место 1978, за тоа што Избирачкиот одбор не ја спровел законито постапката на сумирање на податоците.
На ова избирачко место Избирачкиот одбор при сумирање на разултатите утврдил дека има вкупно 443 важечки гласачки ливчиња, а при доделување на гласовите на кандидатите утврдил дека има 442 гласа. Набљудувачот од СДСМ сметал дека неправилно е утврдена и бројката со сумирање на резултатите. Тој сметал дека бројот на ливчиња е 444 и инсистирал да биде внесена во записник неговата забелешка, што Избирачкиот одбор не го направил, па тој десет минути по полноќ поднел приговор директно до ДИК. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 08.00 до 15.00 часот, во реонот на Маркова Сушица кон Говрлево, корисниците од Каменолом Беровиќ, Кменолом Гама Градба и Грин Еко Фарм. (општина Сопиште)
Македонија
Делови од Центар без вода за пиење

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска на ул.Алберт Ајншатјн ( кај Мебел Вардар) поради уличен дефект од ф -80“ со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците : дел од Алберт Ајнштајн и ул. Донбос.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Перински во Будимпешта: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.
На средбата, двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, а споделија и разменија искуства и практики во интерес на подобрување на начините на функционирање на локалната самоуправа на двете земји.
Споделени беа и искуства за начинот и организацијата на унгарското министерство во делот на механизмите кои ги користи во насока на регионалниот развој, дигитализацијата на локалните услуги и зајакнувањето на општинските капацитети.
„Досегашната соработка и поддршка од нашите унгарски пријатели е исклучително важна за нашата држава. Унгарија е долгогодишен пријател и партнер во нашите реформи и со задоволство ја споделуваме нивната успешна практика во области кои се од големо значење за нашата локална самоуправа и регионален развој. Оваа средба е уште еден доказ за силната и континуирана поддршка која ја добиваме од Унгарија, а истовремено отвора нови можности за продлабочување на соработката помеѓу нашите земји“, изјави министерот Перински по средбата на која се разговараше и за можноста за зајакнување на соработката на полето на вмрежување на нашите локални заедници во рамките на програмите на ЕУ, што би придонело за поттикнување на иновациите и најдобрите практики на локално ниво.
„Споделените искуства се од особена важност за подобрување на капацитетите на локалната администрација и регионалниот развој во нашата земја, а интензивирањето на соработката е важен чекор во зајакнувањето на нашето партнерство со Унгарија како и во насока на остварување на европските амбиции на земјата“, додаде Перински кој на средбата го информираше министерот Наврачич за досегашниот тек на проектот за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, една од најзначајните мерки на нашата Влада за унапредување на општинскиот развој, која се реализира со средства обезбедени од унгарскиот кредит.