Македонија
Амандманите за Законот за јазици мора да се разгледаат, власта го остварува планот на Села, пишува Каракамишева
Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи реагира дека не смее да се донесе Законот за јазици без амандманска расправа. Се погласни се гласините дека собраниското мнозинство ќе ги испочитува роковите кои ги собранискиот спикер Талат Џафери ги даде за усогласување на ставовите на власта и опозицијата, односно дека законот ќе се гласа најдоцна во четврток. Неофицијално, доколку двете страни не постигнат договор, законот ќе се гласа без разгледување на 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Каракамишева пишува дека доколку тоа се случи, мнозинството ќе ја уништи демократијата.
„Ако навистина излезат вистинити пишувањата дека СДСМ потклекнале пред ДУИ да се донесе неуставниот Закон за јазици без амандманска расправа и дека прифатиле само да се гласа законот во истата форма како што беше донесен и претходно, тогаш поарно за сите топтан како пратеничка група да стават крст на демократијата во која се колна кога ги шлакаа институциите и спомениците во градот, да си стават крст на „животот“ во кој се колна дека ќе го донесат, да си стават крст на владеењето на правото, бидејќи тие сите до еден се тешки манипулатори, тешки преваранти, ништожници, калкуланти и гробари на сопствената држава“, пишува Каракамишева на социјалните мрежи.
Според професорката, на СДСМ и ДУИ им се поважни високите плати и птни трошоци, а зад нив оставале само, како што вели, раскичмена држава и енормна задолженост. Каракамишева додава дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ го остварува планот на Зијадин Села за делење на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре затворени неколку улици во Скопје
Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.
Утре исто така со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.
Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).
Македонија
Сиљановска Давкова – Павловски: Максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова остварила средба со Крис Павловски, директор на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.
На средбата, како што соопшти претседателскиот кабинет, Павловски ја претставил работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите.
Како водечки претприемач со македонско потекло, Павловски изнел мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.
Претседателката Сиљановска Давкова го информирала Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.
Македонија
Кадровски промени на Водно, правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, пратник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.
Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.
Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.
Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.