Македонија
Засадени дрвца во паркот во Ново Лисиче
Градот Скопје и оваа година се вклучи во акцијата на пошумување „Ден на дрвото“ која се спроведува по 17-ти пат, а градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, претставници од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засадија ја својата иднина“ и граѓани садеа садници во новиот парк во Општина Аеродром.
„Градот Скопје и оваа година дава поддршка на „Денот на дрвото“ на повеќе локации, вклучувајќи го и новиот парк во Аеродром, којшто се простира на површина од 100.000 метри и е вториот по големина парк во Скопје. Планирано е на територијата на Скопје во наредниов период да се 1 милион садници, од кои 256.000 садници ќе се засадат во урбаниот дел на градот. Од овие садници околу 50.000 се дрва набавени од ЈП „Македонски шуми“, а 12.000 дрва се набавени од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Покрај во урбаниот дел, акцијата се спроведува и во руралниот дел, на повеќе локации на Скопска Црна Гора и обиколницата. Градот Скопје перманентно работи на подобрување на состојбата со зелените површини во Скопје, преку уредување на постоечките површини, кревање на нови зелени површини, спроведување на акции за садење на дрвја и садници, како и преку делење на садници за уредување на јавните површини и блоковското зеленило“, кажа градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, истакна дека денеска на 60 локации на територијата на 30 општини во Република Македонија ќе се засадат околу 2,6 милиони садници на вкупна површина од 550 хектари, а во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Во оваа акција за пошумување ќе се користат дрва од видот бор, багрем, јасен, јавор, повеќе видови на чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев…
Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засадија ја својата иднина“ информираа дека во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 40 милиони садници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени денес даруваат крв по повод 60 години Уставен суд
Со дарување крв вработените во Уставниот суд слават 60 години постоење на судската установа. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека крводарителската акција е само една од акциите кои ќе ги спроведат за одбележувањето на јубилејот.
„Уставниот суд на Република Северна Македонија оваа година слави значаен јубилеј. Тоа е 60 години од постоење на судот. Веќе беше најавено дека во текот на целата година во Судот ќе се преземаат најразлични активности токму заради одбележување на овој значаен јубилеј. Самите вработени дадоа идеја една од акциите кои ќе се спроведуваат во Судот да биде и крводарителската акција, што значи Судот ја покажува и онаа хумана страна. Повеќе од половина од вработените се пријавија за давање крв, што значи од вкупно 60 вработени повеќе од 30 денес се согласни да дадат крв“, рече претседателката Кацарска.
Крводарителската акција е под мотото „Биди хуман спаси живот“, а ја реализира Црвениот крст на Македонија.
Македонија
Арсовска во увид на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.
Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.
Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.
Македонија
„Биди хуман- спаси живот”: крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето
Уставниот суд денеска организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман- спаси живот” која ќе се одржи во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот.
Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење.
Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени над 30 дарители од Уставниот суд, меѓу кои и судии и советници од стручната служба.
Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.