Македонија
Старт на системот за интегрирано гранично управување
Со пуштање во употреба на Информациониот систем за интегрирано гранично управување Македонија е меѓу ретките земји, кои располагаат со ваков систем на интегрирана контрола на границите
Официјално, денеска, беше пуштен во употреба системот за интегрирано гранично управување, кој беше последен од барањата на Европската Унија за визна либерализација, а поврзува 13 институции. “Денеска и официјално го пуштивме системот за интегрирано гранично управување, којшто е еден од најнапредните во Европа. Тој поврзува 13 институции, кои ќе разменуваат информации, стратешки анализи и други придобивки. Овој систем беше последен од барањата на Европската унија за визна либерализација“, рече премиерот, Никола Груевски, по пуштањето на системот во употреба.Системот ја олеснува работата на многу државни органи во следењето на информациите, анализите и сите методи потребни за следење на законското работење на многу компании, но и физички лица.Груевски изјави дека Владата продолжува со работи кои се потребни за визната либерализација.“Наскоро ќе почнеме со акционен план за шенген, што би значело за времето кога би биле во ЕУ, и кога би сакале да се приклучиме кон шенген зоната да ги имаме исполнето сите услови. Иако има многу време за тоа, ние би сакале побрзо да ги завршиме условите“, рече Груевски.Според премиерот, системот ИСИГУ добил позитивни оценки и од сите три оценски мисии што оваа година Брисел ги спроведе за негова проверка.На свеченоста присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски, како и министрите за внатрешни работи и за информатичко општество Гордана Јанкулоска и Иво Ивановски, како и други високи функционери на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ
„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.