Контакт

Надворешна политика

Бериша: Федерализацијата на Македонија, можност за решавање на меѓуетничката криза

Објавено пред

Федерализацијата на Македонија е  единствена можност за решавање на меѓуетничката криза, оценува поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша кој и понатаму е духовен лидер на десницата во Албанија, во една негова анализа за состојбите  во Македонија, пренесува Макфакс.
 

dobivaj vesti na viber

Федерализацијата на Македонија е  единствена можност за решавање на меѓуетничката криза, оценува поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша кој и понатаму е духовен лидер на десницата во Албанија, во една негова анализа за состојбите  во Македонија, пренесува Макфакс.

 

Бериша како што пренесува весникот  „Газета 55“  нагласува дека за да има еден стабилен мир во Македонија, потребно е да има една гарантирана висока регионална автономија од типот на меѓуетничките западни држави како што е федерацијата или пак конфедерацијата.

 

„Во 1992 година бев примен како  претседател  кај поранешниот француски претседател Франсоа Митеран  и разговаравме за распадот на Југословенската федерација. Јасно стана збор и за Македонија“, нагласува Бериша и додава дека на оваа средба  ја изнел и оценката за состојбата на Албанците во Македонија, но и потребата од широка автономија односно федерализација, пренесува весникот на албанската опозиција „Газета 55“ кој ги објавува во целост ставовите на Бериша за Македонија./крај/мф/мн

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Еден загинат и тројца повредени: тешка сообраќајка кај Росоман

Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Неготино, во близина на село...

Топ4 часа

Починат маж во Штипско: бил пронајден со прострелна рана од огнено оружје

Вчера во 16.11 часот во СВР Штип било пријавено дека во атарот на с.Пиперово, штипско, со прострелна рана од огнено...

Македонија5 часа

Град Скопје за приватните превозници: Личните и партиските интереси се тактика на мнозинството во Советот предводен од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а цената ја плаќаат граѓаните

По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика...

Топ6 часа

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет...

Свет8 часа

Кога ќе го знаеме победникот на изборите во САД

Дојде денот на изборите во Америка. Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп се во трка за претседател...

Македонија9 часа

„Кога Куманово гореше, Ахмети се чешлаше“, велат од „Влен“

„Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи.и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се...

Регион10 часа

(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент

Активисти на Движењето на слободните граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на...

Свет11 часа

(Видео) Во завршниот говор Трамп ги нападна Камала и Бајден: Ќе ја спасиме Америка

Трамп штотуку го заврши митингот во арената Ван Андел во Гранд Рапидс, Мичиген. Неговиот последен митинг донесе враќање на главните...

Свет12 часа

Шефот на НАТО: Ќе останеме обединети кој и да победи на американските избори

НАТО ќе остане обединет без разлика кој ќе победи на изборите во САД, изјави во Берлин генералниот секретар на алијансата,...

Свет13 часа

Палестинскиот претседател: Време е за прекин на огнот во Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека е време да се имплементира Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации,...

Свет13 часа

Северна Кореја лансира серија балистички ракети

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, објави началникот на Здружениот Генералштаб...

Свет14 часа

Камала Харис го одржа последниот митинг во Пенсилванија

Говорејќи на нејзиниот последен предизборен митинг во Филаделфија пред денот на изборите во понеделникот вечерта, потпретседателката Камала Харис рече дека...

Македонија22 часа

Земјотресот со епицентар во скопското подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија23 часа

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија. Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ. Земјотресот е почувствуван и кај дел...

Македонија1 ден

Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана...

Македонија1 ден

Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координира акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во...

Македонија1 ден

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година, за министерот за животна средина, Изет Меџити, се само трошок и губење...

Македонија1 ден

Венко Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме да одиме на предвремени избори

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Филипче беше прашан за понудата на...

Македонија1 ден

„Фронтот на Ахмети и Села е без компас“, велат од „Вреди“

„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен...

Македонија1 ден

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник,...