Македонија
Демонстрациите пред СЈО продолжуваат во понеделник попладне
Протестите на граѓаните од Шарената револуција, продолжуваат во понеделник во Скопје, од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, во 19 часот.
Организаторите порачуваат: Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!Протестирам со Шарена револуција денес (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО!Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните!Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци!Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода!Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!Таканаречената Шарена револуција со која граѓаните го изразуваат незадоволството од функционарањето на државата, од аболициите на претседателот Ѓорге Иванов, за повеќе политичари, од непрочистениот избирачки список, од партизираното судство и администрација, од притисокот врз медиумите, трае речиси 80 дена. Учесниците почнаа да фрлаат боја врз спомениците во центарот на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, ја демолираа народната канцеларија на претседателот, а продолжија да ги „бојат2 и институциите, Владата, Собранието, министерствата за правда и за надворешни работи. Поради тоа отпорот на граѓаните се нарече Шарена револуција. Неколкупати тие спроведуваа ткн. „герила акции“, кога блокираа крстосници и мостови во главниот град. Протести се организираат речиси секое попладне и во другите градови, при што исто така, мета на демонстрантите се државните објекти, по кои се фрлаат балони со боја./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.