Македонија
ДИК ја намали бројката за теренска проверка на 89.000
Државната изборна комисија, во вторник вечер, најави и одржа седница, на која изгласа место сто илјади гласачи, на терен да се проверуваат 89.383 гласачи, a aдминистративно ќе се проверуваат 107.660 лица.
Како што појаснија, бројот на избирачи за теренска проверка се намалува затоа што при дополнителната проверка, комисијата утврди дека едно лице се појавува како дупликат по повеќе основи и по прочистувањето стигнато е до таа конечна бројка.Останатите ќе се проверуваат административно.Бројката на гласачи за теренска проверка се намалува затоа што во дополнителна проверка, Комисијата утврди дека едно лице се појавува како дупликат по повеќе основи и по прочистувањето стигнато е до конечната бројка.За оние 124 илјади за кои во ДИК се сомневаат дека се во странство, се уште не се знае како ќе се постапи. Се знае дека нема теренски да се проверуваат, но ќе мора да се најде начин за контрола затоа што стравувањата се дека токму преку нив се краделе идентитети и се злоупотребувале нивните имиња во гласачкиот процес.ДИК соопшти и дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб апликацијата на Комисијата. Најголем дел од нив, односно 6.018 пријави ќе ги преземат компјутерските експерти на Комисијата и ќе проверуваат дали некои од овие пријави веќе се прикажани со вкрстената проверка, по што ќе биде познато дали и за кои ќе има потреба од теренска проверка, а за кои ќе биде потребна административна проверка.Инаку, во избирачкиот список има вкупно 188.820 гласачи кои е неопходно да се проверат. Во нив влегуваат и овие 89. 383 кои ќе се проверуваат на терен. Претходно Комисија објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб апликацијата./крај/дик/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.