Македонија
Дрон ќе го снима местото на несреќата, Обвинителството испитува двајца пилоти од Италија
Во Јавното обвинителство се врши испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а тргнале од италијанскиот град Тревизо заедно со авионот кој во вторникот попладне падна кај селото Кожле, во општина Петровец.
Како што информираат од Обвинителството, испитувањето се врши со цел прибирање на податоци и информации. Обвинителствотот повикало и стручно лице кое е компетентно за овој вид на несреќи, со цел да придонесе кон истражните дејствија.Увидот се врши од страна на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје кои раководат со увидните екипи од надлежните органи. По нивна наредба обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа. „Снимките од дронот ќе бидат од голема помош за утврдување на динамиката на движењето на леталото, како и за разоткривање на начинот на кој дошло до несреќата“, сметаат од Обвинителството.Во несреќата загинаа сите шестмина патници кои биле во малиот авион ‘пајпер’, петмина мажи и една жена сите со италијанско државјанство. Авионите слетале во Скопје за да наполнат гориво и требало да продолжат за Приштина./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.