Македонија
Мерка притвор за еден осомничен во „Транспортер“
Судија на претходна постaпка му одеди притвор на едно лице осомничено во предметот „Транспортер“, којшто минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство.
Во Кривичниот суд во вторникот биле сослушани вкупно четири лица , при што на останатите тројца им била определени мерки за обезбедување. Од Судот соопштуваат дека ќе има официјално соопштение откако ќе бидат сослушани сите осомничени за кои се бара притвор.Истрагата за „Транспортер„ опфаќа вкупно 81 криминално дејствија. Во неа осомничен е и Градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот .Осомничени се 22 лица за злоупотреба на службената положба, а за 11 од нив побарана е мерка притвор.За градоначалникот Талески, против кого не може да се отвори кривична постапка бидејќи е аболициран од Претседателот, СЈО бара конфискација на имотот, за кој се смета дека е стекнат преку ваквите дејствија. Одлуката за конфискација е на судот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.