Контакт

Македонија

На Дигестивна хирургија наредните три дена ќе се оперираат само итни случаи

Објавено пред

Лекарскиот колегиум на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје одлучи во наредните три дена да не изведува операции и да врши прегледи, а ќе бидат примени само итните случаи.

dobivaj vesti na viber

„Кaко израз на револт и разочараност Лекарскиот колегиум на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје денеска едногласно одлучи дека во наредните три дена нема да се оперираат елективни случаи и да се вршат елективни амбулантски прегледи.Итните случаи соодветно ќе бидат згрижувани“, се вели во соопштението од Лекарскиот колегиум на оваа клиника.Лекарите се револтирани од говорот на омраза во јавноста и известувањето на медиумите за инцидентот што се случи во понеделникот на оваа Клиника, кога скопјанец пукаше кон лекарот кој ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала.„Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје најостро го осудува говорот на омраза во јавноста искажан преку социјалните мрежи , портали односно пишаните и електронските медиуми. Она што особено нè загрижува е отсуството на реакција на повиканите институции истото да го спречат, осудат и санкционираат. Разбирајќи го незадоволството  на граѓаните поради длабоко нарушената доверба: лекар-пациент, сепак е неразбирлив од наша страна повикот за линч на сите лекари. Згрозени сме од настанот кој се случи на  09.11.2015 година  односно обидот за убиство на нашиот колега на неговото работно место и реакциите на јавноста. Читаме сè посилни повици за линч на лекарите и ширење на лажни информации за кои цврсто веруваме дека се невистинити. Се деградираат професионалци кои со љубов и пожртвуваност ја работат својата хумана професија и отсуството на поддршка во вакви тешки моменти особено нè повредува. Таквите реакции само го продлабочуваат јазот и никому нема да донесат добро, ниту, пак, водат кон некакво решение“, се вели во соопштението./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Објавено пред

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)

dobivaj vesti na viber

-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)

– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од скопски општини

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);

-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);

-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет35 минути

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа43 минути

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ19 часа

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија19 часа

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија19 часа

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ19 часа

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија21 час

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион23 часа

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија24 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа24 часа

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет24 часа

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет1 ден

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија2 дена

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија2 дена

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија2 дена

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија2 дена

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија2 дена

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија2 дена

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...