Надворешна политика
Бројни билатерални средби на Груевски на самитот на државите од ЦИЕ и Кина
Премиерот Никола Груевски во средата на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу, оствари поголем број на билатерални средби и разговори со политичките претставници на другите присутни држави, како и средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во Македонија.
Премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Владата на Република Естонија, Тави Роивас, пришто двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна поддршка. Двете страни констатираа дека е потребно значително искористување на потенцијалот за економска соработка, динамизирање на трговската размена и соработка на полето на инвестициите.
Груевски по средбата изјави дека Естонија е земја пријател која ги поддржува стратешките интереси поврзани со европските и евроатлантските интеграции на нашата земја, и земја која е подготвена да дава поддршка во сферите каде што тоа може да го прави.
„Отворивме повеќе теми, а една од нив беше темата за стратешките интереси на Република Македонија поврзани со нашите напори за членство во НАТО и ЕУ. Естонија е членка во овие два сојуза, и како таква е секогаш значајно да ги чуе нашите ставови за повеќето работи, за реформите кои ги правиме и предизвиците со кои се соочуваме, со цел да биде повеќе информирана и да помогне во процесот на лобирање“, изјави Груевски.
На средбата беше разговарано и за проблемот со мигрантската криза, тековните предизвици со кои што се соочуваат нашата земја и државите од Европа во врска со ова прашање, и можните решенија за надминување на предизвиците.
Самитот на државите од Централна и Источна Европа и Кина преставува значајна можност за остварување на контакти и средби со шефовите на влади и делегациите на 16-те европски држави присутни на Самитот.
Освен настапот на Самитот, Груевски оствари и средби, разговори и неформални контакти со повеќето шефови на влади присутни на Самитот, меѓу кои со премиерот на Словенија, Миро Церар, премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка, претседателот на Полска, Анджеј Дуда, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
„Имав можност да разговараме со повеќето премиери присутни на Самитот на различни теми, од една страна поврзани со европските интеграции, од друга страна прашања поврзани со мигрантската криза во Европа, но и за нашите билатерални релации и перспективи со овие држави“, изјави Груевски.
Македонскиот премиер за време на својот престој во Кина, на маргините на Самитот оствари и повеќе одделни средби со компании на кои им беа претставени можностите за инвестирање и конкретни проекти кои би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори.
„Понудивме повеќе проекти, разменивме предлози и идеи и ќе ги продолжиме контактите со различните компании од НР Кина со цел да се реализираат проекти во Македонија кои ќе го подобрат квалитетот на живот, и ќе отворат нови работни места“, изјави Груевски.
Премиерот Груевски истакна дека расте извозот на Република Македонија во Кина, но и се зголемува бројот на проекти кои што заеднички се реализираат.
„Во Македонија највидливи се двата проекти за двата автопата кои што се градат, едниот во источна и другиот во западна Македонија, но на Самитот македонската делегација настапува и со друг вид на проекти од различни области, вклучително од енергетиката, поврзано со производството на струја, секундарна гасификација, земјоделието, туризмот, така што дојдовме со однапред подготвени проекти од различни институции кои ги презентираме, и на приватните компании со кои се среќаваме, но и пред кинеските власти“, истакна премиерот Груевски./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.