Надворешна политика
ЕК: Условена препорака за Македонија, напредокот зависи од пржинскиот Договор
Европската комисија (ЕК) смета дека напредокот на Македонија кон ЕУ се наоѓа на критична точка и земајќи го предвид напредокот кој беше направен досега во имплементацијата на Договорот од јуни и јули годинава, Комисијата ќе препорача земјата да ги отвори пореговорите за членство, се вели во соопштението објавено од ЕК по повод извештајот од оваа европска институција.
Препораката ќе биде условена со исплементацијата на Пржинскиот договор и остварливиот напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети, а сето ова ќе биде разгледано после изборите, додаваат од Комисијата.
Во својот извештај Комисијата исто така потенцира дека меѓуетничките односи остануваат кревки, и дека случувањата во изминатата година го покажале значењето на проактивните мерки кои треба да се преземат за да се решат овие прашања, истовремено градејќи поголема доверба помеѓу заедниците и комплетирање на Охридскиот рамковен договор.
Од ЕК се осврнуваат и на спорот со името, порачувајќи дека одржувањето на добрососедските односи и изнаоѓањето на решение за проблемот со името остануваат од најголемо значење.
Во поглед на економскиот критериум, ЕК смета дека Македонија е на добро ниво во развивањето на функционална пазарна економија и дека стабилното макроекономско опкружување и солидната монетарна политика се од корист за земјата. Сепак од Комисијата исто така ја потенцираат и високата стапка на невработеност, односно 28 проценти и порачуваат дека средствата од буџетот треба да се насочат кон растот и вработувањата.
Во однос на правото и правната рамка, од ЕК сметаат дека земјата има релативното добро усогласување со европското законодавство, и дека фокусот сега треба да биде ставен на административните капацитети и ефикасната имплементација. Во повеќето области земјата е средно подготвена, вклучувајќи ги тука областите на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Од Комисијата додаваат дека потребни се дополнителни напори во оние области каде земјата е во раната фаза на подготовки, како што се слободата на движењето на работниците и климатските промени./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.