Надворешна политика
Хан: Изборите мора да се подготват по меѓународни стандарди и да се одржа во април
Сите политички лидери ми потврдија дека изборите мора да се одржат до крајот на април и презедоа обврска овие избори да се подготват согласно меѓународните стандарди треба, изјави еврокомесарот а соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан на заедничка прес конференција со премиерот Никола Груевски.
„ОБСЕ/ОДИХР, Советот на Европа се тука за да го понудат своето искуство во подготвувањето и мониторингот на овие избори. Европа е подготвена да ги искористи сите свои ресурси, човечки ресурси за да помогне во однос на изборите, но за да се направи ова важно е да се има соодветна изборна законодавна рамка и за да се донесе оваа законодавна рамка во склад со јунскиот договор при што сите политички лидери се обврзаа дека најдоцна до 6 октомври треба да има договор за содржината на нов изборен законик“, рече Хан.
Тој им честиташе на партиските лидери кои го потпишаа политичкиот договор за личните заложби и обврските кои ги презедоа.
„Со задоволството можам да видам дека опозицијата се врати во парламентот како што беше договорено и дека беше постигнат договор токму на датумот за специјалниот обвинител. Сега му преостанува на Специјалниот јавен обвинител да го преземе овој голем предизвик“, рече Хан.
Тој искажа пофални зборови и за улогата на граѓанскиот сектор во развојот на демократијата.
„Секако дека има потреба од слободно независно граѓанско општество кое ќе има улога во една здрава демократија без притисок. Истото важи и за медиумите“, истакна Хан.
На прашањето какви се неговите очекувањата Македонија да почне со пристапни преговори со Унијата, Хан рече дека е прагматичен и дека работите треба да ги преземаме чекор по чекор.
„Имаше внатрешен политички конфликт, кој што сѐ уште не е целосно развиен. Меѓународната јавност ја следеше таа состојба, но немојте да мислите дека доколку работите не одат во вистински правец вниманието нема да се насочи кон земјата“, рече Хан.
Според него вниманието сега треба да се насочи на спроведување на она што е договорено во јуни и јули.
„Ако се спроведе се што е договорено може да го преземеме следниот чекор. Она што јас можам да го ветам е дека ќе направиме се за да ги убедиме земјите членки да ги елиминираат нивните резерви во однос на почетокот на преговорите. Ова не може да се направи за неколку месец, се работи за еден процес, но сега барем има заедничко разбирање меѓу сите земји членки дека најдобриот придонес кон развојот на една земја, којашто се уште не е членка на Унијата е да се започне со преговори“, рече Хан.
Премиерот Груевски потенцираше дека истовремено со надминување на предизвиците, Владата продолжува со реформи на сите полиња и со цврстата заложба која ја води за Македонија да ги почне пристапните преговори за влез во ЕУ.
„Сметаме дека постигнатиот договор за политичката криза и процесот на неговата имплементација, треба да се искористи како можност и катализатор за паралелно рестартирање на евроинтеграциските процеси на Македонија. И покрај предизвиците со кои се соочивме, Македонија ќе продолжи со уште посилно темпо да спроведува реформи во областите кои се клучни за нашата интеграција во ЕУ- економијата, правосудството, образованието, медиумската сфера, политичкиот дијалог и продлабочувањето на добрососедските односи ќе бидат во нашиот фокус. Почетокот на пристапните преговори со Македонија е можен и неопходен и треба конечно да се случи, како што повеќе години наназад предлага ЕК. Треба да се дозволи тие да течат паралелно со разговорите за наметнатиот спор за името со нашиот јужен сосед со кого сме одлучни да градиме партнерски односи во рамките на ЕУ и НАТО. Тоа ќе биде најдобра мерка за зајакнување на меѓусебната македонско-грчка доверба“, истакна Груевски.
На разговорите станало збор и за мигрантската криза со која е соочена Македонија, при што Груевски. потенцира дека Македонија покажа солидарна одговорност како европски партнер за надминување на кризата.
Хан повтори дека ЕУ не треба да дозволи балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, да бидат паркинг за мигрантите./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.