Надворешна политика
Иванов: Прашањето за членството на Македонија во НАТО веќе е и безбедносно прашање
Државите од Јадранската група мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на НАТО и на Европската унија (ЕУ), со цел да може да се оствари координиран одговор на безбедносните закани, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот на отворањето на 19-тата Конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба (А-5), што се одржува во Охрид.
Државите од Јадранската група мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на НАТО и на Европската унија (ЕУ), со цел да може да се оствари координиран одговор на безбедносните закани, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот на отворањето на 19-тата Конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба (А-5), што се одржува во Охрид.
Иванов на собирот насловен „Здружени напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“ забележа дека секоја земја може да придонесе со тоа што ќе го споделува своето искуство, оттаму неопходен е развој на превентивен механизам во борбата против насилниот екстремизам и радикализам и странските терористички борци.
Во однос на проблемот околу блокирањето на приемот на Македонија во НАТО, Иванов укажа дека со оставањето на нашата земја надвор од својот безбедносен чадор, Алијансата прави стратегиска грешка и создава простор на помал отпор. Иванов забележа дека блокирањето на евроатлантската интеграција на Македонија е школски пример за тоа како не треба да се гради безбедноста во регионот.
„Ако досега прашањето за поканата на Република Македонија во НАТО беше чисто политичко, сега веќе е и безбедносно прашање. Со секое натамошно нелегално блокирање на нашето заслужено членство во НАТО се врши сериозно блокирање на колективните интереси и на темелните принципи на Алијансата’, истакна Иванов.
Иванов побара од државите-членки на Алијансата на претстојниот Самит во Варшава да ја потврдат посветеноста кон меѓународното право, да биде испочитувана пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со што истовремено би се одбранил колективниот интерес на Алијансата и интересите на регионот за поголема безбедност и стабилност.
На конференцијата во Охрид, покрај началниците на генералштабовите нa армиите на Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, учествуваат и командантите или замениците на националните гарди на САД кои се партнери на земјите-членки на А-5, и тоа бригадниот генерал Стивен Ферари од Националната гарда на Њу Џерси која е партнер на Албанија, полковник Шон Кејси од Националната гарда на Мериленд, партнер на БиХ, генерал-мајор Ричард Ц. Неш од Националната гарда на Минесота, партнер на Хрватска, генерал-мајор Стивен А. Креј од Националната гарда на Вермонт, партнер на Македонија, бригаден генерал Џерард Ф. Болдук од Националната гарда на Мејн, партнер на Црна Гора, како и генерал- мајор Тимоти Е. Ор од Националната гарда на Ајова која е партнер на Косово и гостинот генерал-потполковник Рахман Рама, командант на Косовските безбедносни сили./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.