Контакт

Надворешна политика

Новоименуваните амбасадори на Франција, Словенија и Белгија со поддршка за евроинтеграциите на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Франција, Словенија и Белгија.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Франција, Словенија и Белгија.

 

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Франција во Република Македонија,  Кристијан Тимоније, беше изразено задоволство од досегашниот развој на меѓусебната соработка меѓу двете земји, кои се резултат на заеднички напори, при што се воспоставија динамични политички односи, како и односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Иванов нагласи дека Република Македонија во Франција гледа голем пријател и искрен сојузник во реализацијата на стратешките цели, како и партнер во сферата на безбедноста и соочувањето на актуелните предизвици. Во тој контекст, Иванов истакна дека е значајна поддршката која Франција ѝ ја дава на Република Македонија во процесот на нејзината интеграција во Европската унија и НАТО.

„Во голема мера, постојаните политички кризи во кои се наоѓа Република Македонија се должат и на предолгиот статус кво во интеграциите. За целосно надминување на политичката криза, мое длабоко уверување е дека повторно ни е потребна трансформирачката енергија на интеграциите, кои ја доведоа Македонија да биде земја со исполнети услови за членство во Алијансата, да биде земја спремна да ги отпочне пристапните преговори со Унијата. Неопходен ни е исчекор, следна фаза во интеграциите. На тој план ја очекуваме и се надеваме на поддршката од Франција“, истакна претседателот Иванов.

Новоименуваниот амбасадор на Франција го поздрави успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји нагласувајќи дека Република Македонија е пријателска земја која и понатаму ќе ја придружуваат на нејзиниот европски пат. Една од тие активности беше и Самитот за земјите од Западен Балкан во Париз кој се одржа во јули годинава.

„Самитот во Париз, кој се одржа годинава во месец јули покажа дека Франција ја поддржува Македонија и ја смета за важен сегмент за стабилноста на овој регион. Нејзините напори за да изгради модерна, демократска и ефикасна армија заслужуваат признание. Ја цениме нејзината спремност за да учествува, во даден момент, во напорите за постигнување на меѓународен мир. Особено ја почитуваме извонредната соработка од областа на безбедноста и опасностите во неизвесниот свет“, нагласи амбасадорот Тимоније.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец, Иванов се заблагодари на досегашната поддршка која Словенија ја даде за аспирациите за членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО и изрази уверување дека одличната соработка и заемната поддршка на регионално ниво и на мултилатерален план ќе продолжат со интензивирање во периодот што следи.

„Конструктивниот дијалог е резултат на заедничката волја на двете земји да го одржат позитивниот тренд во билатералната соработка, да дадат свој придонес за стабилноста и безбедноста на нашиот регион, но и за заедничката европска иднина.  Убеден сум дека и во периодот што следи, ќе продолжиме со напорите за  интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес“, рече претседателот Иванов на свечената церемонија на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Новоименуваниот амбасадор на Словенија ја потврди заложбата на неговата земја за унапредување на билатералната соработка, нагласувајќи го конструктивниот дијалог на највисоко ниво, како и продолжувањето со поддршката за европските и евроатланските интеграции на Република Македонија. Во таа насока, амбасадорот Јазбец изрази уверување дека и за време на неговиот мандат како вонреден и ополномоштен амбасадор на Словенија ќе продолжи досегашната динамика на заемната соработка.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Белгија за Република Македонија со седиште во Софија, Франсоа Бонтан беше истакнато дека постојат и можности и капацитети кои со интензивирање на политичкиот дијалог ќе придонесат за понатамошно унапредување на севкупните односи меѓу двете земји.

„Фокусот несомнено треба да биде ставен на унапредување и развој на економската соработка, јакнење на трговската размена, како и на соработката на планот на безбедноста. Истовремено, сметам дека резиденцијалното дипломатско присуство на Кралството Белгија во Република Македонија ќе придонесе кон интензивирање на контактите и меѓусебната соработка“, нагласи претседателот Иванов.

Во однос на актуелните предизвици со кои се соочува Европа и светот, како што се мигрантската криза, безбедносните предизвици и борбата против тероризмот и милитантниот радикализам претседателот Иванов и амбасадорот Бонтан ја истакнаа потребата од поинтензивна билатерална соработка, но и подинамична и отворена безбедносна соработка и во светски рамки.

Амбасадорот Бонтан изрази уверување дека во периодот што следи Белгија ќе продолжи со поддршката  на процесот на проширување на Европската унија и НАТО алијансата, во чии рамки е и зачленувањето на Република Македонија.

Иванов на новоименуваните амбасадори им посака успешно извршување на одговорната дипломатска функција./крај/мф/бс

 

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет9 часа

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет12 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ14 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија14 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ14 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија15 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион17 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет17 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија18 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија1 ден

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион1 ден

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија2 дена

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија2 дена

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија2 дена

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија2 дена

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија2 дена

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 дена

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...