Надворешна политика
Шеснаесет конгресмени бараат од Кери да се заложи Македонија да влезе во НАТО
Американскиот конгресмен Бил Паскрел, демократ од Њу Њерси, заедно со републиканската конгресменка од Мичиген Кендис Милер покрена иницијатива за праќање на писмо од 16 конгресмени до државниот секретар на САД, Џон Кери, во кое се бара американскиот Стејт Департмент да продолжи да се залага за членство на Македонија во НАТО, соопштуваат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
„За време на 24-те години како независна држава, Македонија има воспоставено силно партнерство со САД и НАТО”, пишуваат конгресмените. „Македонија има превземено значајни реформи, и до 2008 година ги имаше исполнето сите услови кои се неопходни за прием во НАТО. Но, и покрај тоа, Македонија не беше поканета да се приклучи кон НАТО, иако за тоа доби значајна поддрша од 27 од вкупно 28 членки на Алијансата. Со учеството во НАТО мисиите во Косово и Афганистан, како и во мисијата на САД во Ирак, Македонија многу пати има докажано дека е сојузник на САД“.
„Имајки предвид дека нашиот сојузник Македонија се соочува со чувствителни проблеми, бараме од Вас да продолжите да се залагате за членство на Македонија во НАТО. Веруваме дека сега е вистинскиот момент да се најде решение и дека овој момент треба да се искористи пред да биде премногу доцна“, порачуваат конгресмените до Кери.
„За време на 24-те години како независна држава, Македонија има воспоставено силно партнерство со САД и НАТО. Македонија има превземено значајни реформи, и до 2008 година ги имаше исполнето сите услови кои се неопходни за прием во НАТО. Но, и покрај тоа, Македонија не беше поканета да се приклучи кон НАТО, иако за тоа доби значајна поддрша од 27 од вкупно 28 членки на Алијансата. Со учеството во НАТО мисиите во Косово и Афганистан, како и во мисијата на САД во Ирак, Македонија многу пати има докажано дека е сојузник на САД“, се потенцира во писмото до Кери.
„Во последниве години сведоци сме на јасно и постојано назадување на предходно спроведените реформи, пад во степенот на демократија, и политичката криза во Македонската Влада. Загрижени сме дека влошувањето на состојбата во која се наоѓа Македонија може да се препише на наглиот прекин на процесот за прием на Македонија во НАТО. Веруваме дека враќањето на вербата дека постои искрена и вистинска можност за прием на Македонија во НАТО ќе придонесе за зајакнување на демократските институции и вредности во оваа држава и ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста во регионот, што е во полза на соседните држави на Македонија“, стои во писмото на 16-те конгресмени.
„САД и нејзините сојузници ја имаат досегнато критичната точка, при што е неопходна акција за да се обезбеди релевантноста и функционирањето на НАТО во иднина. Дипломатска делегација и посета на Македонија од твоја страна ќе биде силен индикатор за поддршката на Македонија од страна на САД. За крај, би сакале да Ве информираме дека сме спремни да работиме заедно со Вас, со цел заедно да го осигураме приемот на Македонија во НАТО“, порачуваат конгресмените Бил Паскрел, Кендис Милер, Маделин З. Бордело, Ивет Кларк, Курт Клосон, Емануел Кливер II, Гералд Е. Коноли, Пол Кук, Дона Ф. Едвардс, Алси Хејстингс, Еди Бернис Џонсон, Том Марино, Колин Питерсон, Боби Раш, Стив Стајверс и Питер Висклоски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.