Контакт

Политика

Ахмети и Бејли разговараа за изборите

Објавено пред

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, се сретна американскиот амбасадор  Џес Бејли, при што се разговарало за актуелната политичка криза, спроведување на договорот од Скопје и за вонредните парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ахмети зборуваше за важноста на одржувањето на веродостојни и демократски избори на 24 април, со цел да се заврши оваа криза која ја држи во заложништво целата земја. Договорот согласен меѓу четирите лидери со помош на меѓународната заедница мора да се почитува, и секоја промена ќе значи нов договор со нова агенда, стои во соопштението на ДУИ.

 

Земјата го очекува самитот на ЕУ во јуни кога ќе се преиспита условната препорака на Европската комисија, го очекува и Самитот на НАТО во јули со агендата за проширувањето на Алијансата, но, исто така, ја очекува и вонредната криза со бегалците со кои се соочува.

 

Сите овие предизвици, заедно со итна потреба за стабилноста и безбедноста во земјата ја наметнуваат потребата да има стабилна влада и стабилни институции, што е можно поскоро, се вели во соопштението на ДУИ по средбата.

 

Ахмети го информирал амбасадорот Бејли за заклучоците на Генералниот совет на ДУИ, во која е наведено структурите на партијата да се придонесе во конструктивна изборна атмосфера, да пријават било какво заплашување на избирачите, но, исто така, ги покани граѓаните да се приклучат во овој процес, додека во исто време ДУИ е посветена да ја почитува транспарентната и непристрасната работа на специјалниот јавен обвинител.

 

Ахмети, исто така, изрази загриженост поради неодговорноста на политичарите кои имаат информации за криминалци и фабриканти кои имаат за цел подготвување на измама и монтирања со ниски цели.

 

„Овие избори се исклучително важни, затоа партиските лидери мора да покажат највисока одговорност за иднината на земјата додека граѓаните да не подлегнуваат на пред тест кампањи и обвинувања, туку да ги оценат понудите за развој, стабилност и безбедност“, се вели во соопштението на ДУИ. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

dobivaj vesti na viber

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија31 минута

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија4 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија5 часа

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија7 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија7 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија9 часа

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија9 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ9 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион11 часа

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ12 часа

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет13 часа

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет13 часа

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет13 часа

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...

Европа14 часа

Еден од клучните луѓе на Украина: Ги искористивме сите сили што ги имаме, на работ сме

И додека шефот на воената разузнавачка служба на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион...

Топ1 ден

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ1 ден

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија1 ден

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија1 ден

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија1 ден

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...