Политика
ГРОМ: Увезена наместо Шарена револуција
Граѓаните треба да го дигнат својот глас, тој треба да се слуша и истите да ги бранат своите права и слободи, но, ние сме против „увезените револуции“ во кои КАНВАС и компанија ќе заработат пари, а ние ќе даваме недолжни жртви, зашто и самите видовте дека ѝ посакуваат на полицијата „да ѝ се повтори Куманово“ и оттаму сакаме да ги корегираме – тие имаат печатна грешка во слоганот „Шарена револуција“, поточно таа е „Увезена револуција“, изјави во понеделникот челникот на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски.
„Како претседател, заедно со членовите на ГРОМ, покрај тоа што се занимаваме со политика, сме и обични луѓе. Нам, во нашите програмски определби и на прво место ни се граѓанските и демократските права и слободи. Во изминативе две недели, гледаме протести низ улиците на Скопје и оние коишто протестираат тврдат дека ги застапуваат граѓанските организации од Македонија. Во старт сакаме да бидеме јасни, дека ние поддржуваме политички протести, и во демократски општества тие се секогаш добредојдени, како важен сегмент од слободата на изразувањето и како коректив на власта“, истакна Јакимовски, кој истовремено е и градоначалник на скопската општина Карпош.
Објасни дека протестите многу често се користат и за погрешно наведување, извртување на тези и за манипулирање со граѓаните.
„Овие протести не се граѓански движења од спонтан излив, од незадоволни луѓе од оваа држава. На овие протести има сé и сешто, има и домашно незадоволство, но и увезени, фабрикувани и оркестрирани подбуцнувачи ‘докажани на терен’, односно веќе афирмирани надвор од Mакедонија“, рече Јакимовски посочувајќи ја невладината организација Отворено општество кое ја поистоветуваат со организацијата на американскиот магант Џорџ Сорос, како главен извор на конфликтност која го разјадува македонското граѓанско ткиво.
„Тоа не се работи за џабе, туку за пари, уплатени однадвор, преку невладините организации кои ѝ се добро познати на македонската јавност, за да се изврши увезена и нарачана дестабилизација. Погледнете го веб сајтот на фондацијата „Сорос“ и внатре ќе ја видите листата на невладини организации коишто тој ги финансира и истите овие организации не негираат, туку тврдат дека се организатори на протсетите и се гордеат со тоа“, додаде Јакимовски.
Според него, обичните граѓани на Македонија се запрашуваат, колку има во овие протести вистинско незадоволство од власта, а колку увезено и платено нездоволство, на луѓе на кои буквално ништо не им недостига во државава.„Граѓаните на Македонија како и секогаш се трезвени и сакаат оваа режија да заврши, а пак режисерите и нивните финансиски ‘чадори’ сакаат што подолго да трае овој конфликт, за подолго време да земаат пари. Очигледно, за нив овде Македонија е само обичен бизнис, а нам како што велеше покојниот претседател Глигоров: ‘Македонија е се што имаме“, порача Јакимовски.
Лидерот на ГРОМ изрази сомнеж дека нарачателите на антивладините протести плаќаат пари на професионалци, каква што е организацијата „КАНВАС“, со цел да режираат ткн увезена револуција, која самата во себе не содржи никаква граѓанска автентичност.
„Оваа организација, со тек на време, каузата ја претворија во бизнис и своите вештини во недемократското уривање на владите веќе го продаваат за пари. Тоа всушност и не е некоја тајна, бидејќи нивните тактики се документирани во нивните книги и упатства. Ќе издвоиме четири книги: КАНВАС кор курикулум: Водич за ефективна ненасилна борба„. „Водич за протести“, а има уште неколку книги од истите автори како на пример „Како да возвртите на притисокот„ или „Правилата на радикалите“ од Саул Алински, преведена со средства од Сорос фондацијата на Македонија. Секој може да ги прочита овие книги и да види како стриктно според нив се изведуваат протестите“, појасни Јакимовски.
На прес-конференцијата, Јакимовски ги стави на увид пред јавноста, како што истакна, документите кои овие странски водачи и професионалци ги користат луѓето во Македонија за да протестираат.
„Тие работат по план и книга и ништо не е спонтано, туку сé е однапред испланирано што би рекле, режирано. Уште еднаш сакаме да појасниме дека ние не се противиме на протестите. Граѓаните треба да го дигнат својот глас, тој треба да се слуша и истите да ги бранат своите права и слободи. Но, ние сме против ‘увезените револуции’ во кои КАНВАС и компанија ќе заработат пари, а ние ќе даваме недолжни жртви. Зашто и самите видовте дека ѝ посакуваат на полицијата ‘да ѝ се повтори Куманово’. Затоа сакаме да ги корегираме. Тие имаат печатна грешка во слоганот ‘Шарена револуција’, поточно таа е ‘Увезена револуција’, заклучи лидерот на ГРОМ./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.