Политика
Груевски: Оваа криза ќе се решава со гласачко ливче
Избори се единствено решение за најновата политичка криза, по распуштањето на Собранието, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го повика опозицискиот СДСМ да се премисли и да учествува на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.
„Услови за избори има и изброи ќе се одржат, а секој може да учествува или не. Тоа е одлука и еден вид учество во демократијата. Мнозинството одлучува“, рече Груевски. Тој изрази искрено жалење за вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која тој објави дека тие нема да учествуваат на изборите на 5-ти јуни.„Искрено се надевам дека ќе ја промени одлуката. Ова не е битка меѓу мене и Заев, туку битка за Македонија. Народот сака Македонија да оди напред. Денес е важен ден за нашата демократија. Изминативе две години беа тешки за нас. Политичката криза ни го одвлече вниманието од вистинските предизвици на земјата. На моменти се доведуваше во прашање кредибилитетот на политичарите. Вечра собранието се распушти и според нашите закони тоа се случи на 60 дена пред избори. Оваа криза која ни се случува овојпат ќе се решава со гласачкото ливче“, рече Груевски.Порача дека им треба силна опозиција, опозиција која нема да се повлекува во ситуација како што Заев се повлекуваше. „Силна опозиција значи дека некој постојано ќе ни дише во врат, и ќе не корегира“, порача Груевски и додаде дека не сака да биде сфатен погрешно, но тоа е одлука на СДСМ како ќе се однесува. „Сакам да упатам порака до народот, да бидат спокојни. Изборите се потребни да се одбере кој ќе ја води земјата и на кој ќе му ја даде довербата народот. Мора да ги оставиме партиските интереси и да ги штитиме државните. Јас ќе направам сé да ги коригираме нашите грешки во области кои се детектирани“, рече Груевски, при што го повика народот да им се приклучи за храбри и големи идеи.Во своето обраќање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на следните избори заплашување на избирачи „нема и не смее да има“, а ако има „ќе одговара секој што се огрешил“. Потсети дека Обвинителството најави дека ќе има посебен оддел кој ќе се занимава со оваа проблематика, а Министерството за информатичко општество и администрација соопштија дека отвори канцеларија за пријавување на случаи доколку има притисоци врз државнате администрација.Околу мешањето на партијата и државата, Груевски смета дека тоа го кажува истиот Зоран Заев кој го назначи неговиот секретар на партијата за министер за внатрешни, и истиот оној кој дозволи сопругот на министерката за труд и социјална полирика Фросина Ременски данапредува.„Човекот толку го потценува народот што мисли дека некој ќе му верува. Има ли поголемо мешање на партијата и државата кога на денот кога поднесува оставка менува 100 лица од функција“, рече Груевски.За Избирачкиот список, пак смета дека е посебна приказна. По најавите за фантомски граѓани, синоќа се сведоа дискусиите на 572 лица кои во една база на податоци имаат различни места на живеење, појасни Груњвски, а бројките од 500.000 или 300.000 „фантомски“ гласачи паднале во вода. „Изјавивме дека се сложуваме да се проверат сите над 2 милиони граѓани. Тие пак, имаат претсатвници во ДИК, кои три пати по ред ги напуштаа седниците на ДИК. Какви 500.000, зарем е тоа возможно, покрај сите претседатели на ДИК од СДСМ, покрај сите набљудувачи, покрај сите комисии што ги познаваат комшиите кои гласаат на исто место да имало неправилности. А тоа дека мртви гласале, тоа и вчера кога Заев го кажа звучеше неуверливо“, рече Груевски, кој додаде дека направивле отстапки од неговата оставка, до клучни министри кои беа поствени од СДСМ, и менување на датумот за избори од 24 април на 5 јуни, со министер за внатрешни нивни и повторно не сакаат да излезат на избори.Рече дека со изборите на 5 јуни, Македонија треба да добие влада која ќе се занимава со вистинските проблеми на народот, а тоа е вработувањето, зголемувањето на животниот стандард и подобрувањето на инфраструктурата.Обраќањето на Груевски доаѓа еден ден по распуштањето на Собранието и на денот кога претседателот на Собранието најави дека на 15 април ќе го потпише Решението за одржување избори на 5 јуни./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.