Политика
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово-Груевски единствен кандидат
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во сабота и недела во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на партијата, на којшто се очекува актуeлниот лидер на партијата и премиер, Никoла Груевски да биде реизбран за претседател на владејачката партија.
Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција на партијата.
Како што информираат медиумите, зад неговата кандидатура која во петок била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.
Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата.
Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.
– Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.
– Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот
Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската унија за интеграција, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде што во определен временски интервал, гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности. Односно, да бидам попрецизен, полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно но вистинито, фингер принт, односно терминалите за отчитување на отисок од прстот, не работеле во тој период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали очекува ДУИ повторно во вториот круг претседателски и прв парламентарни избори да прави изборни нерегуларности.
Додаде дека очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дека за тоа е информирано и министерството за внатрешни работи со цел на определените избирачки места да го зголеми бројот на безбедносните сили.
„Го информирав и министерството за внатрешни работи да ги засили своите сили таму, припадниците на МВР да вршат мониторинг на процесот на гласање во тие избирачки места. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Сарај, Липково, Арачиново и така натаму. Треба македонската јавност и граѓаните на Македонија, дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално, под притисок и со мерки и средства кои што се недозволени во демократијата, ги добива гласовите. Така што, слободно можете оној резултат од првиот круг на Европеецот Османи да го поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на Демократската унија за интеграција која што повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Најпрвин со епската манипулација и повикување на 2001, а паралелно со тоа местење тендери и втората е преку притисок, закани, уцени и поткуп“, рече Мицкоски.
Мицкоски упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш.
„Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, истакна Мицкоски.
Македонија
Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата
„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
„Во однос на помалите политички партии кои што имаа свои претседателски кандидати очекувам нивните гласачи затоа што беа проопозициски кандидати да гласаат за Гордана Силјановска Давкова во вториот круг. И на тој начин да имаме успешни претседателски избори и Гордана да стане претседател“, повика Николоски.
Тој посочи дека со идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнуваат промените во Македонија, време е за проекти кои ќе се од корист за граѓаните и државата.