Политика
Заев повика Владата да поднесе оставка
Владата веднаш да поднесе оставка, и да се формира преодна влада, која ќе има формат да организира фер, демократски и слободни избори, побара лидерoт на опозициската СДСМ, во вторник вечер на трибината во Универзалната сала во Скопје.
Пред полна сала, а дел од поддржувачите трибината ја следеа и надвор пред салата, на видео бим, беа презентирани материјали од наводно прислушувани разговори, кои, според опозицијата докажуваат дека повеќе изборни циклуси наназад биле местени и крадени.
Главни протагонисти на тие `местенки` се министрите Миле Јанакиески (транспорт и врски), Гордана Јанкулоска (МВР), Зоран Ставрески (финансии), Никола Тодоров (здравство), шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протугер и Сашо Мијалков, братучед на премиерот и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Покрај преодна влада, Заев побара и паралелно да се спроведе истрага за прислушувањето, која ќе биде следена и од меѓународниот фактор.
„Готово е Груевски. Ветувам вечерва дека можеме и мораме од почеток’, рече Заев, повикувајќи ги граѓаните да му се приклучат во таа борба.
Тој порача дека овие документи, мислејќи на прислушкуваните разговори, се сопственост на Македонија и на народот и дека тие ја кажале вистината за Македонија.
Се заблагодари на, како што ги нарече, вистинските патриоти кои се одважиле и му ги дале прислушкуваните разговоире, кои покажуваат каква власт има во државата.
„Овие луѓе – нелуѓе, Груевски и Мијалков, не помислувале дека` шилото` што сами си го повикаа по девет години ќе рие и ќе си го најде патот… тие создале парадаржава“, рече Заев.
На трибината се обрати и потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска, која рече дека на власт во Македонија се корумпирани нелуѓе кои сакаат да ја окупираат сопствената држава.
„Ние граѓаните успеавме да им го видиме стравот. Тие се плашат од себеси, од своите најблиски, од граѓаните, од дебата“, рече Шекеринска.
Порача дека вистината е ослободувачка и дека таа покажала дека злото само нема да замине.
„Ја бараме поддршката за министерствата да не бидат партиски штабови, за буџетот да не биде партиска каса“, рече Шекеринска.
Рече дека, деоколку тие дојдат на власт, буџетот нема да го користат за финансирање медиуми, дека клеветата нема да ја користат за да заплашуваат новинари, а од 12 прилози на вести, ниту еден нема да бидел нарачан.
Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата потсети дека во 20.000 прислушувани нема само политичари, туку и граѓани, верски заедници, невладини организации, новинари, амбасадори.
„Го повикувам секој од вас да го исполни својот дел од обврската, ова никогаш да не се повтори“, рече Спасовски.
Стево Пендаровски, кандидатот за претседател од СДСМ, рече дека наспроти нив стои организиран режим, а против него треба да има организирано слободарско движење, кое ќе се спротивстави.
„Најмногу за еден до два месеци треба да им кажеме збогум“, рече Пендаровски, порачувајќи дека „ние како граѓани сме киднапирани од оваа врхушка, која не држи во рака“.
„Само луѓе без хипотеки може да ја извлечат Македонија. Не е време за делби. Ако сме поделени тие ќе го искористат тоа. Режимот е на колена, но не е победен“, рече Пендаровски.
Низ трибината беа пуштани снимки од разговори на функционери од власта, кои покажуваа изборни местења, како вадење лични карти, носење `битанги` од МВР во Охрид да заплашуваат, расипување лифтови за да не можат старите да се симнат и да гласаат.
Потоа, контрола на гласањето на затворениците, на војниците, на децата без родители, на вработените во големите јавни и државни претпријатија….
Гласање во име на мртвите, озвучување луѓе, за да видат што ќе понуди Андреј Жерновски, луѓе од СДСМ се на работа на ден на избори за да не може да гласаат, претпријатието „Бетон“, плаќа авиони за да дојдат луѓе од дијаспората и да гласаат, закани со отпуштање од работа ако не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ и да се донесат плус 3, плус 5, плус 20 гласачи.
Сашо Мијалков нарачува кај Мендух Тачи претседателот на ДПА, во ДИК да гласаат за поништување гласачки места во ДИК.
Миле Јанакиески на Елизабета Канческа Милевска, министерката за култура и забранува повеќе да дава пари на семејството на Тоше проески, затоа што тие биле против нив, а веќе им давале 3.000 евра секој месец, и пет милиони за Спомен куќата.
Заев најави уште трибини и објавувања на нови снимки кои ќе докажуваат дополнителни криминали./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.