Скопје
Казнети 1.054 учесници во сообраќајот изминатата недела во Скопје
Вкупно 1.504 учесници во сообраќајот биле санкционирани во текот на изминатата недела на подрачјето на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со пајак возило, пак, биле подигнати 329 возила.
Кај 31 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале – 55 возачи, кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, додека 48 возачи управувале возила со над дозволената брзина, а 21 возач управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Покрај ова, изречени се 82 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 45 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 26 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 367 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.
За недавање на првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци.
Според податоците на МВР, минатата недела изречени се 74 прекршоци што ги чинат пешаците, за непрописно престигнување изречени се четири прекршоци, а кај пет возила е утврдена техничка неисправност.
„СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди“, се вели во соопштението на МВР.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Нема да се наплаќа паркирањето во Центар за време на Велигденските празници, извести ПОЦ
Паркирањето во oпштина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05.(петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, извести ПОЦ.
Согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, 04.05.2024 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 07.05.2024 година (вторник) со вообичаено работно време, се додава во соопштението на ПОЦ.
Скопје
Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.
На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.
Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.