Скопје
Почна реконструкцијата на тротоарот кај ТЦ Мавровка
Реконструкција на тротоарот на бул. „Крсте Мисирков“ пред трговскиот центар Мавровка започна во понеделник.
Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, во понеделник (06.10) го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на пешачката и на велосипедска патека на булеварот „Крсте Мисирков“.
„Денеска ја почнуваме реконструкцијата на пешачката и на велосипедска патека на булеварот „Крсте Мисирков“, од страната на трговскиот центар „Мавровка“, на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до почетокот на Битпазар, на должина од 440 метри. Со овој зафат ќе се реконструира површина од вкупно 2.750 квадратни метри“, изјави Трајановски.
Тој информираше дека Градот Скопје за овој градежен зафат ќе потроши околу 2,4 милиони денари, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).