Македонија
Сончево и топло со мала облачност, попладне пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 26 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 15 и дневна до 32 степена.
УВ индексот ќе изнесува 8. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, тие ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.
Македонија
Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи
ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.
Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.
Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.
Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две, на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура од четврток ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.