Македонија
Тодоров од интерпелацијата се брани со проекти
Собранието на 80-та седница расправа по интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, поднесена од пратеничката група на СДСМ, во која се бара смена на министерот поради „системските проблеми и хаосот во здравството што резултира со трагични последици врз граѓаните и врз пациентите,“ а министерот се брани со проекти без да се осврне на починатите пациенти.
Тодоров, според СДСМ, треба да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, со немањето стратегија за развој, за нереализирана здравствена картичка, за ниските плати и изгубеното достоинство на „белите мантили“, за заминувањето на 700 лекари од Република Македонија, за смртта на Тамара и на родилката и нејзиното бебе во Гевгелија, за неуспешниот „Мој термин“, жените од Шутка и Бутел кои немаат гинеколог, како и поради 36.000 пациенти на инсулин…„Нема педијатри во јавното здравство, затоа смртноста расте. Изгубена е довербата и во системот на вакцинација. Граѓаните си купуваат вакцини од странство. Требаше да си одите и затоа што го растуривте и Клиничкиот центар. Нема редовно греење во болниците, нема редовни реагенси за компјутерско снимање, нема антибиотици, ги нема основните лекови, а да не зборуваме за цитостатици. Долги се листите за чекање за зрачна терапија. Требаше да си одите и поради неуспешниот „Мој термин““, рече пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, во објасниувањето на интерпелацијата. Шахпаска му рече на Тодоров дека требало да си замине од функцијата кога го уништиле стоматолошкиот центар, а и поради криминалните тендери.„Гoсподине Тодоров, доста е, одете си ако се уште имате совест. Не може доктори во алкохолизирана состојба да доаѓаат на работа и да одлучуваат за човечки животи. 700 лекари ја имаат напуштено Македонија. Нема педијатри, децата од 0 д 6 години нема каде да се лекуваат и затоа смртноста е во пораст. Клиниките тонат во долгови кои достигнаа милиони евра за јавното здравство. Должи и клиниката на докторката која ја наградивте. Нема реагенси за компјутерски снимања, нема реагенси за лабараториски анализи. Пациентите сами си купуваат лекови на клиниките“, рече Шахпаска. Министерот Тодоров, обраќајќи се пред пратениците рече дека интерпелацијата ќе ја образложи со наведување успешни проекти во здравството. „Јас денеска нема да дозволам да паднам на овие евтини политички трикови коишто како ваша политичка матрица постојано ја спроведувате во Република Македонија. Јас ќе зборувам за проекти, за тоа што сме го направиме“, рече министерот Тодоров одговарајќи и на пратеничката Шахпаска. Според него, сето она што таа го наведе потсетува на едно време што, поминало со многу висок бебешки морталитет, немање зрачна терапија, долги листи на чекање, огромни долгови, за немање средства во јавното здравство. „Кажавте многу неточности, многу неточности. Рековте дека има долга листа на чекање за зрачна терапија, но во јавното здравство не се чека подолго од три дена“, рече Тодоров.Тодоров се осврна на успешното функционирање на Државната кардиохиругија и детската кардиохирургија, каде што, како што посочи, околу 50 проценти од интервенциите се направени од македонски лекари. Информира, дека до сега се извршени над 160 кардиохируршки интервенции во детската кардиохирургија. Воспоставена е мрежа на интервентна кардиологија во Македонија, достигнат е европскиот стандард. Воведен е „Мој термин“ – централизиран систем, кој содржи вкупно 1.645.378 електронски досиеја, а само од почетокот на 2015 година се креирани 7 милиони упати и 22 милиони рецепти. „Системот функционира“, вели министерот Тодоров, а дека намалувањето на цените на лековите е системска мерка воведена од Владата, а од 1 февруари 2012 година извршени се осум намалувања, со што се опфатени над 4.700 лекови и заштедени се над 33 милиони евра.За поливалентните вакцини, Тодоров рече дека со воведувањето на пет и шествалентните вакцини е намален бројот на боцкања од 13 на 7 во првите две години.„Со проектот „рурален доктор“ опфатени се 1.227 населени места во државата, лоцирани во 72 општини, во кои живеат околу 360 илјади жители. Досега од почнување на функционирање на овој проект се извршени над 150 илјади прегледи. Со руралните аптеки во населени места се покриени до 3.500 жители. Со оваа мерка се опфатени над 130 илјади жители. Со подвижни аптеки се опфатени помали места до 1.000 жители, а досега се доделени шест лиценци, со кои се опфатени 304 населени места“, појасни Тодоров.Тодоров меѓу успешните проекти го спомена и бесплатниот мамографски скрининг за жените на возраст од 50 до 60 години, во 17 јавни здравствени установи низ целата држава.Говореше и за 2.084 здравствени работници кои се едуцирале во поголем број држави во Европа, САД и Австралија. Само во 2015 година, според него, вкупно 1000 здравствени работници се упатени на едукација-специјализација во странство во реномирани медицински центри во Германија, Хрватска, Србија.Тодоров го потенцира и враќањето на 200 специјалисти од приватното во јавното здравство, додавајќи дека порано процесот беше обратен. Потсети и на инвестициите за реновирање и обнова на јавните здравствени установи.Вкупно досега, како што наведува Тодоров, се инвестирани над 100 милиони евра за набавка на нова најсовремена медицинска опрема. По излагањето на министерот Тодоров како одговор на поднесената интерпелација од пратениците од СДСМ, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде редовна пауза, по која продолжува седницата./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.