Македонија
Трета, највисока затворска казна за „Црвениот“ за протестите пред Влада
Основниот суд Скопје 1 ја објави третата и највисока затворска казна за протестите што се случија на 5 мај пред Влада кога се судрија демонстрантите и полицијата.
Бошко Јосимовски со прекар ’Црвениот’ е осуден на две години и четири месеци затвор, додека другиот учесник во протестите кој бил приведен додека пушел цигара пред Владата е условно осуден на седум месеци затвор, доколку во рок од две години не стори ново кривично дело. Судот му го укина притворот на Црвениот и му одреди мерки за претпазливост. Овие двајца демонстранти не ја признаа вината и пред судот рекоа дека не се чувствуваат виновни. Јосимовски во својата одбрана рече дека бил изреволтиран кога видел како полицаец удира девојка со пендрекот пред Влада. Мавал кон полицискиот штит, но не со метална прачка , ниту со бехатон плочка. Тој реагираше дека многумина кои мавале кон полицајците и се гледале на снимките не биле приведени и нема да одговараат за кривичното дело. Поголем дел од демонстрантите кои беа приведени по протестите ја признаа вината и беа осудени на условни казни, освен Јосимовски, вујкото на Мартин Нешковски кој беше осуден на десет месеци затвор, и уште еден демонстрант кој беше осуден на една година затвор но, е недостапен за органите на прогонот.Протестите на 5-ти мај пред Владата беа организирани по објавувањето на прислушувани наводни разговори на владини функционери во врска со случајот на полициското убиство на Мартин Нешковски кое се случи ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.