Контакт

Региони

Прилеп со европски пари доби канализација и пречистителна станица

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Прилеп е една од водечките општини во Македонија кога станува збор за искористувањето на средствата од ЕУ фондовите, преку кои се реализираат проекти со кои значително се подобрува квалитетот на живеењето на граѓаните.

Ова беше само една од темите на кои денеска се дискутираше при посетата на Општина Прилеп од страна на aмбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и aмбасадорот на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, посета пак која е дел од кампањата насловена како „ЕУ за ТЕБЕ“ или „EU for YOU“.

Моментално во Прилеп се реализира еден од најголемите проекти во Македонија финансиран со европски пари, а тоа е реконструкција и изградба на нова канализациона мрежа во градот, како и изградба на пречистителна станица.

„Средства од овие фондови, во висина од повеќе десетици милиони евра, се искористувани и во минатото. Се реализираше проект преку кој се реши еден од најважните проблеми за Прилеп, а тоа е решавање на проблемот со водоснабдувањето. Тој проект беше реализиран преку Владата на Германија и КФБ банката. Со тој проект околу 10-тина милиони евра беа вложени во изградба на нова водоводна мрежа во градот, нова административна зграда на ЈКП „Водовод и канализација“, нова механизација и намалување на загубите на вода. Резултат на овој проект е тоа што Прилеп денес е еден од најдобро снабдените градови со вода и го има едно од најуспешните водоводни јавни претпријатија. Средства од овие фондови се искористуваат исто така и за реконструкција на голем број училишта, патишта, водоводни и канализациони системи во нашата општина“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, истакна дека се надева оваа соработка помеѓу ЕУ и Општина Прилеп да продолжи и во иднина.

„Во нашата комуникација денеска со градоначалникот на Прилеп разговаравме за прашања кои се поврзани со животната средина, во врска со водата, за третитањето на отпадот, изградбата на пречистителната станица и други работи поврзани со заштитата на животната средина. За мене како амбасадор на ЕУ е исто така важно да се запознаам со овие проекти кои се финансирани од ЕУ и како што кажа градоначалникот на Прилеп, проектот за изградба на пречистителната станица и реновирањето и изградбата на канализационите системи е можеби најголемиот проект кој ЕУ го има финансирано во вашата земја, а тој чини 21,5 милиони евра “, истакна Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер, рече дека Прилеп е град кој претставува позитивен пример за многу активности.

„ Видовме дека важниот проект за овој град кој се состои од реконструкција на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица претставуваат една голема целина, или целина која има смисла само доколку истите се поврзани една со друга. Втората работа е тоа дека со задоволство го поддржав мојот колега Жбогар во промоција на проектот „ЕУ за ТЕБЕ“ каде што станува збор за многу важни сегменти од животот на луѓето, животната средина, сегменти кои не ја засегаат само оваа земја туку се општо важечки за сите луѓе во светот. Секако дека овој проект „ЕУ за ТЕБЕ“ како земја членка на ЕУ го поддржуваме, но имаме и билатерална поддршка за Македонија кога станува збор за прашањата за животна средина и клима. Во амбасадата имаме фондови за т.н. климатски проекти, тоа се многу помали фондови од овие фондови на ЕУ, меѓутоа сепак станува збор за климатска заштита и воздух кој неможе да го поделиме на мој и твој, станува збор за чиста животна средина, а тоа е обврска на сите нас“, изјави Кристине Алтхаузаер, Амбасадор на Германија во Македонија.

Амбасадорите денеска ги посетија локациите каде се врши изградба на новата канализациона мрежа и изградбата на пречистителната станица во Прилеп, а остварија и посета на општина Новаци, каде се реализираат други проекти финансирани од ЕУ./крај/со/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет9 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет12 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет14 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет15 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет16 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет17 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет18 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет18 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет18 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија2 дена

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија2 дена

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...