Спорт
Вејн Руни сонува за четири круни
Репрезентативецот на Англија Вејн Руни откри дека можноста да испише нова клупска историја е најголем двигател за фудбалерите на англискиот клуб.
“Црвените ѓаволи” веќе ја освоија титулата како светски клупски шампиони оваа сезона, но останува на таа да се присоединат и титулите во Премиер лигата, Лигата на шампиони и ФА Купот.Манчестер важи за единствен тим од Премиер-лигата која во една сезона освоил три титули, а тоа се случи во сезоната 1998/99 каде беа освоени Премиер-лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.Руни признава дека можноста за четири круни сезонава го мотивира целиот тим кој е очаен да ја заврши сезоната 2008/09 со импресивен број на медали.”Сите играчи зборувааат за тоа што можеме да направиме-нешто што не е направено порано”- кажа англискиот репрезентативец.”Се за што зборуваме во моментов е тоа колку би било добро доколку победиме во сите натпреварувања”- додаде тој.”Сите сме одлучни во намерата и претпоставувам дека ќе има многу разочарување доколку не го оствариме сонот”.”Не сакам да звучам алчно, но во Јунајтед секогаш има должност да се победи на сите натпревари и секогаш кога ќе се соочиме со пораз се чувствува потиштеност насекаде”.”Радо би понел уште два или три медали дома, но би сакал да освоиме многу”- продолжува Руни.”Знаеме дека ќе биде тешко, но се е во наши раце”.”Во моментов сме во одлична позиција. Имаме шанса да освоиме се и има огромна решителност ништо да не се изгуби залудно”- заврши Руни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.