Свет
Трамп и Столтенберг согласни околу важноста на НАТО

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трампи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во петокот телефонски разговарале и се согласиле околу „трајната важност“ на Северноатлантскиот сојуз.
„Новоизбраниот претседател и генералниот секретар ја нагласија трајната важност на НАТО, и исто така разговараа за тоа како НАТО се прилагодува на новото безбедносно опкружување, вклучително и борбата против заканата од тероризмот“, соопштија од Алијансата.
Двајцата челници разговарале и за издвојувањата на државите членки за одбраната, и се согласиле дека „дојде до напредок во поправедната распределба на товарот, но дека им уште многу нешта да се направат“, очигледно алудирајќи на многу поголемиот воен трошок на САД за одбраната на сојузниците во Европа отколку тие самите, што е забелешка и на Вашингтон и на Брисел од поодамна, пренесува Reuters.
„Апсолутно сум убеден дека Трамп ќе продолжи со силната доследност на САД за европската безбедност и НАТО. Тоа е во интересот и на Европа и на САД“, изјави Столтенберг во интервјуто за AFP, истакнувајќи дека двете светски и блоковската идеолошка Студена војна покажале колку е меѓусебно зависна безбедноста на двете страни.
Единствен пат кога е применет членот 5 од договорот за НАТО за колективна одбрана, познат како „сите за еден, еден за сите“, било по нападот од 11-ти септември врз САД, потсетува Столтенберг.
Генералниот секретар вели дека од Трамп очекува да продолжи со притисокот врз сојузниците во НАТО околу поголемите издвојувања од своите буџети за одбраната, како што го правеа и сите претходни американски претседатели, што според Столтенберг е оправдано.
Соединетите држави даваат речиси 70 отсто од трошоците за НАТО, и веќе подолго време бараат од другите сојузници да сторат повеќе по ова прашање.
Доналд Трамп во текот на својата кампања ги изненади и загрижи сојузниците во Алијансата, кога рече дека Вашингтон би можел да размисли двапати дали ќе застане во одбрана на некоја земја членка, доколку таа не го исплатила својот удел во НАТО.
Сојузниците ги збуни и позитивниот став на Трамп кои рускиот претседател Владимир Путин. Имено, тие следејќи ја доктрината на администрацијата на актуелниот американски претседател Барак Обама на самитот на НАТО во полската престолнина Варшава во јули годинава го договорија најголемото распоредување на сили на европска територија од Студената војна, обвинувајќи ја Русија дека станува сé поагресивна. Москва тоа го карактеризираше како непријателски чекор и оправдување на НАТО за доближување до нејзините граници, велејќи дека со тоа се прекршува меѓусебниот договор, и одговори со неколку големи воени вежби и распоредување на својот стратешки арсенал кон границите со европските членки на Алијансата.
Столтенберг, пак, вели дека не гледа проблем во таквиот став на новиот американски претседател.
„Она што го слушнав е дека Трамп, исто така, испратил порака за разговор со Русите. На нашиот самит во Вршава ние одлучивме за јакнење на одбраната, но и за политички дијалог… Русија е нашиот најголем сосед и таму ќе остане. Нема начини да ја изолираме, па мораме да продолжиме со тежнеењето за поконструктивен дијалог со неа“, заклучува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред 80 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предизвика САД да обезбедат поголема помош за постигнување прекин на огнот. На социјалната мрежа „Икс“ објави дека неговата земја е веднаш подготвена за целосен прекин на огнот.
Тој го нарекува „30 дена молк“, но нагласува дека прекинот на огнот мора да биде реален. Да нема напади со проектили или беспилотни летала.
Тој додава дека Русите мора да одговорат соодветно и да ја докажат својата подготвеност да ја прекинат војната.
„Триесет дена кои би можеле да станат почеток на години на мир. Прекинот на огнот, траен и сигурен, ќе биде вистински показател за напредокот кон мирот. Америка може да помогне во тоа. На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред осумдесет години“, напиша тој.
Свет
Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени

Сцена на концерт на отворено во Мексико Сити се урна во четврток попладне по локално време, при што беа повредени седум лица, соопштија локалните власти.
Градските власти соопштија дека инцидентот се случил кога силните ветрови урнале метална конструкција што била дел од сцената.
Итните служби им пружиле медицинска помош на повредените на местото на настанот, а две лица се однесени во болница на понатамошно лекување, се вели во соопштението.
Сцената беше поставена за музички настан по повод Денот на мајките.
Европа
(Видео) Преседан во Ватикан: за прв пат објавена снимка од папата веднаш по изборот

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, објавува „Њујорк пост“.
Pope Leo XIV embraces each of the Cardinal electors just after he accepts his election to become the 267th Pope. pic.twitter.com/0cP28r7mam
— Vatican News (@VaticanNews) May 8, 2025
Папата роден во Чикаго ја изрази својата благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата.
Видеото го прикажува папата Лав XIV додека кажува молитва од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува, а потоа се моли приватно. На крајот, тој е виден како се ракува со кардиналите со насмевка.