Европа
Германскиот шеф на дипломатијата во Москва повика на разоружување во Европа
Германскиот министер за надворешни, Зигмар Габриел, повика во четвртокот во текот на неговата посета на руската престолнина Москва, европските сили да преземат конкретни чекори во разоружувањето, по повеќегодишните тензии со Русија околу судирите во Украина.
„Стравуваме дека влегуваме во нова трка во вооружувањето“, рече германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел пред својот руски колега Сергеј Лавров.
„Ние сме загрижени дека нова спирала на трката во вооружување може да се појави во Европа”, рече тој, како што е наведено од страна на агенцијата ТАСС. „Премногу е рано да се каже како и во која насока би можеле да делуваме за да се спречи ова“, додаде Габриел
„Германија покажа дека е сигурен партнер. Ние зборуваме и го правиме она што го велиме. Тоа важи и за сложени одлуки. Германија го исполнува своето ветување, и тоа е неопходно за цела Европа“, го цитира RT Габриел. кој додава дека неговата земја придава голема важност на односите со Русија.
Русија и Германија треба да се стремат кон разоружување во Европа, и покрај можноста за продолжување на трката во вооружување, смета Габриел.
„Германија и Русија знаат подобро од многу други дека трката во вооружување не им одговара на интересите на луѓето во нашите земји. И покрај сите сложени проблеми и несогласувања, мора да се стремиме кон целта за разоружување во Европа. Оваа цел и понатаму останува едно од главните прашања во Европа“, рече германскиот министер.
НАТО, чијашто членка е Германија, распореди околу 4.000 војници во балтичките и Полска, оправдувајќи го тоа со одговор на тензиите со Русија околу Украина. Во меѓувреме Русија одговори со префрлање на илјадници војници на своите западни граници и разместување на напредни ракетни системи, што предизвика дополнителни стравувања во европските престолнини дека стануваат потенцијални цели.
Шефот на германската дипломатија Габриел претходно во средата во Полска, пак, изјави дека јакнењето на силите на НАТО на истокот е оправдано, имајќи го предвид трупањето на руските војски, пренебрегнувајќи го фактот дека тоа е всушност одговор на Москва.
„Кога ќе видите големо количество оружје коешто се наоѓа на спротивната страна тогаш мислам дека не може да се каже дека НАТО или Западот ја започнале трката во вооружување“, изјави Габриел во Полска, потсетува AFP.
Пред посетата на Москва, германскиот министер повика да се обнови функционирањето на Советот НАТО – Русија за да се избегнат можни судири. НАТО во април 2014 година ги прекина односите со Русија, откако руското и рускојазично население и малцинството на кримските Татари на црноморскиот полуостров Крим незадоволни од односот на властите кои по политичкиот преврат дојдоа на власт во Киев во март со огромно мнозинство со еден референдум ја повратија автономијата којашто украинските власи ја укинаа по стекнувањето на независноста во 1990-те и изгласаа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.