Европа
Шкотска објави нов референдум за отцепување од Британија
Шкотската влада ќе спроведе активности за нов референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија, објави во понедленикот шкотската премиерка Никола Старџон, пренесува Independent.
Ова се случува во момент кога британските пратеници се подготвуваат да и дадат на премиерката на земјата Тереза Меј овластувања да го активира „озлогласениот“ член 50, со кој ќе ја отпочне постапката за излез на Велика Британија од ЕУ. Старџон изјави дека во однос на Brexit, властите во Лондон “не мрднале ништо во насока на компромис и разбирање” со шкотската влада .
„Ако Шкотска може да биде игнорирана по толку важно прашање, како што е Европската унија и единствениот пазар, тогаш е јасно дека нашиот глас може да биде игнориран во секое време и за секое прашање”, рече таа.
Според неа, новиот референдум ќе се одржи помеѓу есента 2018 и пролетта 2019 година – „пред да биде предоцна, но откако условите на Брекзит ќе станат јасни”.
Барањето за референдумот, Старџон ќе го поднесе на одобрување до британската влада. Таа истакна дека тоа треба да се усогласи со волјата на шкотскиот парламент.
„Опцијата за никаква промена веќе не постои. Ние, на шкотскиот народ ќе му дадеме избор за тоа каква промена сакаме. Верувам дека ќе биде погрешно Шкотска да тргне по пат, во кој нема никаква контрола за последиците за нашата економија, нашето општество, нашето место во светот, за нашето чувство кои сме како земја. Тоа би било погрешно и моја проценка е дека треба да го имаме овој избор “, вели таа.
„Верувам дека во еден референдум шкотскиот народ ќе ја избере независноста, но оваа волја ќе биде избор на народот”, додаде Старџон./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.