Европа
Донецк: Порошенко го прекрши мировниот договор
Челниците на проруските бунтовници од источна Украина во средата го обвинија украинскиот претседател Петро Порошенко дека го прекршил мировниот договор со одлуката да го суспендира законот со кој на нивните региони им дава „специјален статус“ и јасно дадоа до знаење дека тоа немаат намера да прифатат.
Челниците на проруските бунтовници од источна Украина во средата го обвинија украинскиот претседател Петро Порошенко дека го прекршил мировниот договор со одлуката да го суспендира законот со кој на нивните региони им дава „специјален статус“ и јасно дадоа до знаење дека тоа немаат намера да прифатат.
Претставниците на самопрогласените рускојазични ткн народни републики во Донецк и Луганск, во регионот познат под заедничко име Донбас, кои во неделата беа избрани на гласањето кое Киев и Западот не го признаваат, а го призна Русија, сметаат дека одлуката којашто ја изнесе ноќта кон средата украинскиот претседател Петро Порошенко на состанокот на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, е спротивна и дека го поткопува договорот постигнат на 5-ти септември
Имено, во белоруската престолнина Минск завојуваните страни со посредство на Контактната група за Украина, претставници на Киев, Москва и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), постигнаа договор за прекин на огнот со дванаесет точки познат како Минска спогодба, од која една од точките беше на рускојазичните бунтовници од Донецк и Минск, кои бараа во прво време федерализација на земјата а потоа прогласија отцепени „државни субјекти“ да им се даде „специјален статус“ во траење од три години. Тоа подразбира и овозможување сегашните бунтовнички сили да добија статус на „народни милиции“, амнестија и размена на заробениците по формулата „сите за сите“.
Порошенко кој ги обвини бунтовниците дека со одржување на изборите за претседатели на ткн Народни републики го прекршиле договорот од Минск и изјави дека ќе побара од парламентот да го суспендира овој закон за „специјалниот статус“ на двата региона.
Москва, којашто е критикувана за признавање на резултатите од гласањето во Донецк и во Луганск, смета дека преку изборите челниците на двата проруски региона добиле легитимитет од граѓаните за натамошните мировни преговори со централните власти во Киев.
„Одлуката на Киев да го укине специјалниот статус за регионите во Донбас на сериозен начин му наштетува на мировниот процес од Минск“, се вели во заедничкото соопштение на челниците на побунетите источни региони и при што се одава дека се подготвени на повторни преговори за договорот од Минск чија цел е да се помогне д асе стави крај на судирот во источна Украина во кој од половината на април досега загинаа повеќе од четири илјади луѓе.
Челниците на Донецк и на Луганск претходно предупредуваа дека украинскиот претседател Порошенко со формирањето на новите воени единици и формации се подготвува за нова офанзива во Донбас, откако на 26-ти октомври беа спроведени предвремените парламентарни избори во Украина и беше пополнет новиот состав на парламентот во кој влегоа изразено прозападни и националистички политички опции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.