Европа
Идентификувани 100 жртви на нападот во Париз
Францускиот премиер Мануел Валс, во недела рече дека се идентификувани 103 тела, жртви на терористичките напади во главниот град Париз, а на идентификација на уште триесетина се работи.
„Ќе бидат идентификувани во следните часови. Тоа не се анонимни жртви, туку се животи, млади луѓе, кои беа мета додека поминуваа мирна вечер во кафуле, или на концерт“, вели Валс.
Според последните официјални податоци во нападите загинаа 129 луѓе.
„Нема психолог, ниту волонтер, ни доктор што може да ги утеши нивните семејство“, вели премиерот на Франција.
Порано денеска, беше најден црн автомобил од марката SEAT, која напаѓачите ја употребувале и од која пукале во луѓето во ресторанот за време на нападите во Париз во петокот. Автомобилот е најден во предградието Монтреул, во неделата, а според AFP, во неа имало неколку калашникови.
Полицијата не потврдува дали напаѓачите што го користеле автомобилот се во бегство.
Автомобилот, второт возило што полицијата го поврза со нападите е употребено во напад на кафуле каде се убиени пет гости и во напад на ресторан, каде загинаа 19 луѓе.
Полицијата идентификуваше еден од напаѓачите во концертната сала Батаклан, како 29-годишниот Омар Исмаил Мостефај, каде беа убие 89 луѓе.
Шестмина за кои се смета дека му помагале во извршувањето на нападите се притворени и со нив се обавува информативен разговор. Меѓу нив е и неговиот 34-годишен брат и неговата снаа.
„Ова е луда работа, лудило“, вели неговиот брат за AFP во саботата пред да биде приведен.
Снаата сведочела дека тие се мирно семејство./крај/тл/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага
Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град.
На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот калашников на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.
Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.
La vermine gangrène #Bruxelles. Le Gouvernement Arizona va prendre les mesures pour nettoyer les rues. Ce sont les bandes criminelles et les racailles qui doivent avoir peur. Vous n’aurez pas une seconde repos.
Pendant ce temps, certains estiment ne pas devoir faire un… pic.twitter.com/z3VmRdO30y— Georges-L BOUCHEZ (@GLBouchez) February 5, 2025
Според првичните информации нема повредени.
Портпаролката на бриселската полиција Сара Фредериккс рече дека осомничените побегнале во метро станица и можеби се уште се во тунелите на метрото.
Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.
Станицата Клеменсо е затворена, како и блиската станица Брисел-Миди, која служи и како терминал за возовите на Еуростар.
Европа
Папата Франциско повторно е тешко настинат: „Ве молам простете ми, тешко ми е да зборувам“
Папата Франциско не ја прочита својата порака до аџиите на денешната општа аудиенција поради силната настинка.
Франциско (88) во последните две години неколку пати страдаше од грип и поврзани респираторни проблеми. „Ве молам простете ми, но со толку лоша настинка, тешко ми е да зборувам“, накратко рекол Франциско.
Подготвената порака на присутните им ја прочитал еден од неговите помошници. Иако зборуваше малку, папата остана присутен во текот на целочасовната аудиенција.
Покрај респираторните проблеми, Папата има тешкотии и во движењето поради болните колена, а неодамна двапати падна во својата резиденција во Ватикан, при што во декември го повреди образот, а овој месец раката.
Европа
Извршена обдукција на телото на хрватскиот фудбалер: утврдена причината за смртта на Јаков Јелкиќ, истрагата продолжува
Во шпанскиот град Аликанте беше извршена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер, чие тело беше пронајдено во морето по исчезнувањето ноќта меѓу петокот и саботата.
На телото не се пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставува дека тој починал бидејќи ноќта паднал во студеното море под дејство на алкохол, објави „Јутарњи лист“.
„Претпоставуваме дека се работи за несреќен случај“, изјавил на телефон портпаролот на полицијата од Аликанте за „Хина“. Полицијата претходно одржа прес-конференција во овој крајбрежен град во југоисточна Шпанија.
За време на обдукцијата, во неговите бели дробови била пронајдена морска вода, па истражителите заклучиле дека Јелкиќ починал од давење.
„На телото немаше траги на насилство, а со оглед на неговата шема на одење снимена на камерите заклучивме дека паднал во морето. Морето е студено во овој период од годината, а тој беше сам“, рече портпаролот и продолжи:
„Истрагата ќе ја продолжиме бидејќи обдукцијата на телото е само дел од неа. Сите наоди ќе бидат анализирани, но од сѐ досега познато се чини дека станува збор за несреќен случај.
Encuentran el cadáver del jugador croata Jakov Jelkic en el puerto de Alicante https://t.co/AWX6iACytz
— El Confidencial (@elconfidencial) February 4, 2025
Јелкиќ, хрватски фудбалер на швајцарски второлигаш, минатата недела со соиграчите беше во Аликанте, каде што претходно одиграа натпревар.
Играчите во петокот вечерта биле во ноќен клуб, а потоа се упатиле кон хотелот. Јелкиќ се вратил во клубот да си ја земе јакната, а надзорните камери го снимиле како заминува сам околу 2.30 часот. Неговите соиграчи изутрината не го нашле во хотелската соба, па го пријавиле за исчезнат.
Неговата сестра Јања со емотивна порака се прости од својот брат.
„Брату, единствено мое, мое око, мој ангел. Пробав сѐ, но не можев! Те сакам засекогаш! Добро момче, почивај во мир божји“, напиша таа.