Европа
Париз: Идентификувани 103 тела, сé уште нема конечна листа на жртвите
Идентификувани се телата на 103 луѓе убиени во атентатите во Париз во петокот навечер, а меѓу 20 и 30 сé уште, изјави во неделата францускиот премиер Мануел Валс.
„Телата на 103 лица се идентификувани, а преостанатите меѓу 20 и 30 ќе бидат идентификувани во текот на денот“, прецизираше премиерот Валс по средбата со семејствата на жртвите.Валс ја повторни официјалната бројка за најмалку 129 убиени во терористичкиот масакр во француската престолнина и повеќе од 350 ранети.Претходно беше објавено дека две од жртвите се Мексикански кои имале двојни државјанства, едната имала шпански пасош а другата двојно мекисканско-американско државјанство. Мексиканскиот амбасадор во Франција, Аугустин Гарсија-Лопез изјави дека станува збор за млади жени, но одбил да го соопшти нивниот идентитет. Додаде дека третиот мексикански државјанин со двојно мексиканско-австриско државјанство, кои бил нападот бил повреден, успешни е опериран и закрепнува.Во неделата новинската агенција Europa Press, повикувајќи се на дипломатски извори соопшти дека се идентификувани четири шпански жртви во париските атентати. Според агенцијата, станува збор за Хорхе Алонсо де Селада и Алберто Пардо Тоуседа. Една од жртвтие, Мишел Гил Хаимес имала двојно државјанство, на Мексико и на Шпанија. Претходно во саботата шпанската вицепремиерка Сораја Сајнц де Сантамарија соопшти дека 29-годишниот Хуан Алберто Гонзалес Гаридо, бил убиен во самоубиствениот напад во салата „Batalcan“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.