Контакт

Европа

Меркел: Европските санкции против Русија беа неизбежни

Објавено пред

Одлуката на Европската унија да воведе широко санкции против Русија беше „неизбежна“ поради руските постапки во Украина и сега следниот чекор е на Москва, изјави во вторникот доцна вечерта германската канцеларка Ангела Меркел.

dobivaj vesti na viber

Eвропската унија првпат воведе санкции за руските нафтени компании, банките и воените претпријатија. Тоа е досега најсилната меѓународна реакција против Русија којашто Западот ја обвинува дека ги помага проруските бунтовници кои не ја признаваат легитимноста на прозападните власти во Киев кои дојдоа на власт со соборувањето на претседателот Виктор Јанукович, што Москва одлучно го негира, заклучува Reuters.„Затоа денешната одлука беше неизбежна“, се вели во писмената изјава на германската канцеларка Ангела Меркел. Канцеларката во соопштението ги повикува руските власти да се насочат кон смирувањето на тензиите и соработката во решавањето на судирите во Украина, заканувајќи се притоа дека во спротивно се можни нови мерки, односно санкции.И холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс изјави дека европските санкции ќе имаат „далекосежни и директни ефекти“. Тие санкции ќе  испратат силен сигнал на Москва „дека е на погрешен пат“, изјави шефот на холандската дипломатија во текот на расправата за падот на малезискиот патнички авион во источна Украина, при што загинаа 298 луѓе, од кои најголемиот број холандски државјани. Економските санкции за кои начелен договор постигнаа амбасадорите членки на ЕУ во вторникот навечер „претставуваат силно предупредување за Москва“, но можат да бидат укинат доколку Русија престане да ја дестабилизира Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, пренесува AFP. „Денеска усвоените санкции се силен сигнал за челништвото на Руската Федерација: руската економија ќе плати голема цена за дестабилизацијата на Украина или која и да е соседна земја“, се наведува во соопштението на ван Ромпуј издадено во Брисел во вторникот доцна навечер. Земјите членки на Европската унија постигнаа во вторникот договор за економските санкции против Русија кои повторно ќе бидат разгледани по тримесечен период, а особено тие се насочени, како што притискаше Вашингтон, на финансискиот сектор, односно пристапот на руските банки до финансиските пазари, чувствителната технологии, соработката во областа на одбраната и производите за двојна намена, како и енергетскиот сектор, според дипломатски извори од Брисел.Станува збор за првата голеам низа економски санкции против Русија чија цел е да се натера рускиот претседател Владимир Путин да престане со поддршката на компаниите кои ја дестабилизираат Украина, како што тврдат САД и ЕУ. Брисел одлучи да ја блокира активата на четири бизнисмени кои ги смета блиски на Путин, обвинети дека имаат позла од присоединувањето на Крим на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија непризнавајќи го референдумот на тамошното мнозинско руско и рускојазично население, или активно ја поткрепувале дестабилизацијата на Украина, а нивните имиња ќе бидат објавени во среда. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Објавено пред

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.

dobivaj vesti na viber

Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.

Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.

Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.

Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.

Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.

Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер

Објавено пред

Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.

dobivaj vesti na viber

„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.

Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје

Објавено пред

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.

dobivaj vesti na viber

Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:

„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.

Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.

Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.

Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.

Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.

Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.

Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија12 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија15 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија17 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ19 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет20 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија20 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија20 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија21 час

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет2 дена

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...