Европа
Москва: Прашањата за Јужен тек не се упатени до Русија
уското министерство за надворешни работи во вторникот реагираше на некои „панични реакции на некои западни партнери“ во врска со решението на Русија да се откаже од натамошната градба на гасоводот Јужен тек, но смета дека загриженоста по тој повод треба да биде упатена кон оние кои од европска страна требаа да учествуваат во проектот.
уското министерство за надворешни работи во вторникот реагираше на некои „панични реакции на некои западни партнери“ во врска со решението на Русија да се откаже од натамошната градба на гасоводот Јужен тек, но смета дека загриженоста по тој повод треба да биде упатена кон оние кои од европска страна требаа да учествуваат во проектот.
Одговарајќи на новинарско прашање за реакциите на странските партнери во гасоводот Јужен тек по изјавата од понеделникот навечер на рускиот претседател Владимир Путин за престанок на проектот, портпаролот на руското министерство за внатрешни работи Александр Лукашевич изјави дека „веќе видено некои … одредени панични реакции“, пренесува РИА Новости. Меѓутоа, Лукашевич не прецизира од кои земји дошле реакциите.
„Веројатно е подобро да се побара одговор од потенцијалните учесници во споменатиот проект. Позицијата на претседателот вчера беше јасно дефинирана, и не постојат никакви дилеми и варијанти дека тоа можеби и нема да се случи“, додаде Лукашевич.
„Според мене, претседателот многу јасно кажа дека љубов насила не бидува, ние ќе најдеме друга форма за реализација на плановите во врска со испораките на гас во другите региони. Скорешните ефекти треба да ги пресметаат оние коишто го ’потрошија’ проектот“, истакна портпаролот на руската дипломатија.
Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите во Турција со својот домаќин Режеп Таји Ердгоан, изјави дека Русија во моменталните условни не може да ја продолжи реализацијата на гасоводот Јужен тек, вклучително и „поради неконструктивната позиција на Европската унија“. Путин истакна дека досега не е добиена дозвола од Бугарија за влез на проектот во ексклузивна економска зона на земјата.
„Имајќи предвид дека сè уште не сме добиле дозвола од Бугарија, сметаме дека во такви услови Русија не може да продолжи со реализација на проектот. Сакам да подвлечам дека треба да започне изградбата на гасоводот во Црното море. Ние не можеме да започнеме со изградба во Црно море додека не добиеме дозвола од Бугарија“, рече Путин.
Европската унија поради своите прописи за управување со проекти и ресурси од сферата на енергетиката ја блокира изградбата на гасоводот низ териториите на членките земји или оние кои се кандидати за полноправни членки, како Србија, бидејќи оваа инфраструктура ја заобиколува Украина и и’ овозможува на Русија да го испорачува гасот до европските потрошувачи без да зависи од соседот со кој крајно ги заостри односите. Меѓутоа, некои од поважните земји членки на ЕУ, како Австрија и Италија, беа упорни во намерите да го поддржат проектот Јужен тек.
Јужен тек претставува глобален инфраструктурен проект на рускиот енергетски гигант „Газпром“ со капацитет од 63 милијарди кубни преку акваториумот на Црното Море во земјите од Јужна и Централна Европа со цел да се прошират правците за транзитот на рускиот природен гас и да се исклучат транзитните ризици, особено во Украина. Кон крајот на 2015 година, според планот, треба да бидат испорачани првите количества гас преку Јужен тек, а работата на гасоводот со целосен капаците е предвидена за во 2018 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.