Европа
Москва: Ракетите кои ги урнаа двата украински ’Су-25’ не се истрелани од руска територија
Руското министерство за одбрана во четвртокот ги отфрли изјавите на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана дека е можно проектилите кои во средата ги урнаа двата јуришни авиони на украинската армија дека се истрелани од руска територија.
„Во обидот да се измами јавноста, да се пренасочи вниманието од трагедијата со малезискиот ’Boeing 777“, фантазирањата на властите во Киев заслужуваат да се воведат во Црвената книга на воени афоризми“, изјави извор кој барал да остане анонимен, пренесува РИА Новости.Откако проруските бунтовници од самопрогласените „народни република“ Донецк И Луганск во средата попладне објавија дека во изминатите 24 часа собориле четири авиони „Сухој Су-25“ на украинските воздухопловни сили над источна Украина, украинските власти во Киев соопштија дека двата нејзини ловци соборени во средата биле погодени од ракети истрелани од руска територија.„Нашите два авиона се урнати на височина од 5.200 метри. Според првичните информации, ракетите се истрелани од руска територија“, соопшти на својата интернет страница Советот за национална безбедност на Украина, a претходно и секретарот на информативниот центар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, за РИА Новости ја потврди информацијата за соборувањето на двата украински јуришни авиона над Донецк.Украинската страна инсистираше дека двата ловци се соборени во зоната од десетици километри од местото на падот на малезискиот авион минатиот четврток, за кој западот и Киев тврдат дека се соборен со ракета. Податокот за висината на која летале двата авиона е многу важна, истакна украинската влада според којашто бунтовниците претходно тврделе дека не поседуваат ракети земја-воздух со дострел поголем од 2.500 до 3.000 метри. Меѓутоа, претходно руски воени експерти коментирајќи како бунтовниците можат да соборат авион, наведе дека заради прецизност во операциите во густо населена област како што е областа на Донецк и Луганск каде што живеат околу 7,5 милиони жители, борбените воздухоплови мора да летаат на пониски височини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.