Европа
Од јануари преку Средоземјето во Европа стигнале над 600.000 бегалци
Повеќе од 600.000 бегалци и имигранти пристигнале преку Средоземното Море во Европа од јануари до септември 2015 година, а повеќе од 3.100 од нив ги загубиле животите или се сметаат за исчезнати, објави во петокот Меѓународната организација за миграции (IOM).
За деветте месеци од годинава повеќе од 613.000 имигранти и бегалци го минале Медитеранот, 34.720 успеале да стигнат до грчките брегови, а околу 137.000 до италијанските, според овој извештај на IOM.
Според податоците на Високиот комесаријат за бегалците на ОН – УНХЦР, повеќето бегалци се Сиријци, а во Грција тие претставуваат 69 отсто од пристигнатите. Портпаролот на УНХЦР Адријан Едвардс изјави дека октомври, кога станува збор за бегалците, бил помирен месец од септември, освен во случајот на изминатите два дена, кога во Грција дневно пристигнувале меѓу 70 и 80 бродови. Во средата на грчкиот остров Лезбос допловиле 85 бродови со бегалци, што е првата етапа од нивното патешествие по Европа.
„Поголемиот број пристигнати во последните два дена може да биде последица од подобрувањето на временските услови, како бран пред почетокот на зимата, а може да се поврзе и со стравување од можното скорешно блокирање на европските граници“, обајсни на прес-конференцијата Едвардс.
Доаѓањето на илјадници бегалци и имигранти на Лезбос не мина без тензии.
„Персоналот на УНХЦР мораше накусо да се евакуира од центарот за регистрирање на бегалците, кога дојде до насилство меѓу нив“, рече портпаролот, додавајќи дека во моментов на северниот дел од овој грчки остров се наоѓаат меѓу 3.500 и 4.000 лица, но дека „нивниот транспорт со автобуси во моментов е прекината, бидејќи центрите за прифаќање се преполни“.
Портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Булиерак, изјави дека дождот и студот се главните пречки за доаѓањето на бегалците, особено при доаѓањето на Балканот. Во септември во Грција секојдневно влегувале меѓу 4.000 и 6.000, а најмногу пристигнале на 9-ти, дури 9.000./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.