Контакт

Европа

Орбан: Основан сојуз за одбрана на земјите од централна Европа

Објавено пред

Лидерите на централноевропските земји основале сојуз за одбрана на своите држави и својот начин на живот, изјавил во неделата унгарскиот премиер Виктор Орбан, по повод неодамнешниот самит за бегалската криза во Виена, пренесуваат унгарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според Орбан, лидерите на централноевропските земји, „се одлучни да не паднат во замката на неколку други европски земји, кои можеби нема да можат да се препознаат за неколку години“. Унгарскиот премиер исто така истакнал дека постои напредок во поглед на прашањето за миграцијата, пренесува MTI.

Западнобалканската рута сега е подобро обезбедена, благодарејќи на договорот кој ЕУ го постигна со Турција, и „одлучната акција“ на западнобалканските земји. Сепак, според него повторно постојат предизвици, како што е очекуваниот „прилив на мигранти“ во есен, преку Италија до Западен Балкан.

„Европејците го кренаа својот глас и сега многумина се осудуваат да поговорат. По 40 години комунизам, се навикнавме на идејата дека слободата на говорот е можна само западно од нас“, рекол Орбан. Тој додал дека луѓето на Западот се навикнале да веруваат оти лидерите ќе им ги решат проблемите, „дури и кога нивните одлуки делуваат чудно“.

„Луѓето сега говорат дека постојат проблеми, и дека решенијата не се добри. Проблемите се се поголеми и влијаат врз приватните животи на луѓето, бидејќи јавната безбедност веќе одамна е загрозена“, додал Орбан./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Рускиот дрон летал во полскиот воздушен простор неколку часа пред падот

Објавено пред

Руски борбен дрон „Шахед“ летал над Полска речиси два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитарњи“, специјализиран за воени теми.

dobivaj vesti na viber

Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина во ноќта од вторникот кон средата, а потоа влегол во Полска.

Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е приближно 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно два часа во полскиот воздушен простор (бидејќи не летал целосно право).

Како што наведува „Милитарњи“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во тој период. Додека се вклучиле сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот, веројатно, веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2.22 часот по варшавско време.

Порталот пишува дека постојат само две сценарија според кои дронот можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на дејство на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.

Затоа сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на членка на НАТО, наведува украинскиот портал.

Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.

Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на падот.

Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.

Членка на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најблиските политички и воени сојузници на Украина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во морето по 30 години

Објавено пред

По речиси три децении во бродоградилиштето, рускиот нуклеарен борбен брод „Адмирал Нахимов“ повторно плови под сопствен погон. Ова е клучен момент за руската морнарица бидејќи гигантот од 28.000 тони последен пат пловел во 1997 година, а сега, по години поправки и модернизација, се подготвува да ја преземе улогата на предводник на руската флота, објавува The War Zone.

dobivaj vesti na viber

Бродот почна со фабрички морски проби, потврдија руските државни медиуми, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како „Адмирал Нахимов“ плови во Белото Море.

Според новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор, претседателот Владимир Путин веќе е информиран за почетокот на тестовите. Овој потег доаѓа откога двата нуклеарни реактора на бродот беа рестартирани претходно оваа година исполнувајќи го планот за почнување на пробите ова лето.

„Адмирал Нахимов“, првично наречен „Калинин“, е дел од класата воени бродови на проектот „1144.2 Орлан“, попозната на Запад како класа „Киров“. Влезе во употреба во Северната флота во 1988 година и е закотвен на суво пристаниште во бродоградилиштето „Севмаш“ од 1997 година. Иако беше во процес на поправки, сериозните работи за модернизација почнаа дури во 2014 година.

Првично закажан за завршување во 2018 година, рокот беше поместен неколкупати – првин до 2019 година, потоа до 2020, 2021, 2023 година и, конечно, до 2024 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Си-ен-ен: Путин нема да се сретне со Зеленски, ова се причините

Објавено пред

И покрај сигналите од Вашингтон за можна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега тоа го отфрла. Си-ен-ен пишува дека рускиот претседател не е, и можеби никогаш нема да биде, подготвен да седне на маса со Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Откако Белата куќа објави дека идејата за билатерална средба е договорена, Кремљ веднаш ги намали очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека „се зборувало за подигнување на нивото на претставниците на Русија и Украина“, но без да ги спомене самите лидери.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров додаде во интервју за државната телевизија дека Москва „не отфрла никаква форма на работа“, но нагласи дека состаноците на високите функционери мора да бидат подготвени „со најголема грижа“. Според жаргонот на Кремљ, средбата Путин-Зеленски нема да се случи наскоро.

Путин ја започна војната со признавање на самопрогласените „републики“ Донецк и Луганск. Оттогаш, тој не ја призна Украина како независна држава, тврдејќи дека таа е дел од руската историја и култура.

Аналитичарката Орисија Луцевич од тинк-тенкот „Чатам Хаус“ вели дека средбата со Зеленски би била еден вид пораз за Путин: „Тој би морал да седне со претседател кого го смета за шега од земја што за него не постои“.

Кремљ систематски ја доведува во прашање легитимноста на украинскиот претседател, а официјалната реторика го нарекува Зеленски само „киевски режим“.

Татјана Становаја, аналитичарка во Центарот Карнеги Русија Евроазија, верува дека Путин го гледа американскиот претседател Доналд Трамп како клучен посредник. Русија очекува Вашингтон да изврши притисок врз Киев да се откаже од територијата што сè уште ја контролира.

Досега, Зеленски јасно ги отфрли ваквите барања. Становаја додава дека Путин нема да ризикува „заседа“ во која сите негови услови би биле одбиени. Наместо тоа, Русија би можела да предложи нови разговори во Истанбул, но со повисоко ниво на делегација.

Трамп напиша на Truth Social во понеделникот дека „започнал подготовки за средба Путин-Зеленски“. Но, следниот ден призна дека за тоа прашање не е постигната согласност: „Јас некако го поставив, но тие се оние што одлучуваат“.

Сепак, Путин нема причина да брза. Тој доби на самитот со Трамп во Алјаска, американскиот претседател се откажа од условите за прекин на огнот пред преговорите, а заканите за санкции исчезнаа. Во меѓувреме, Русија ги засили своите напади – само во понеделникот, лансираше 270 беспилотни летала и 10 ракети кон украинските градови.

Како што заклучува Си-ен-ен, единственото непознато сега е – кого ќе обвини Трамп ако овој обид за преговори пропадне.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија3 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион4 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија5 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ6 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет7 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија7 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура7 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија19 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија20 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија22 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија22 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија22 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија1 ден

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија1 ден

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...