Европа
Протести во Лондон против британските напади во Сирија
Околу пет илјади луѓе, според процените на полицијата, се собраа во саботата во Лондон на протестите против планираните британски напади врз екстремна сунитска група Исламска држава во Сирија, за што се очекува парламентот да се изјасни следните денови.
По протестите британскиот премиер Дејвид Камерон убедуваше дека не станува збор за копнена операција во Сирија. „Што се однесува до нашата воена помош, станува збор за помош од воздух на нашите сојузници и другите земји, не за копнена операција со учество на британски војници“, порача Камерон од прес-конференцијата на самитот на шефовите на држава и влади на земјите од Комонвелтот, кој се одржува на Малта, според соопштението на неговиот кабинет.Протестот во Лондон беше одржан на повик на организацијата „Stop the War“ пред седиштето на премиерот, на Даунинг стрит 10. Во 2003 година повеќе од милиони лица протестираа против интервенцијата во Ирак, за која одлуката ја донесе тогашниот премиер Тони Блер, потсетуваат медиумите.„Бомбите не можат да бидат добар одговор на страшната трагедија во Париз. Им се обраќаме на пратениците, особено на лабуристите, да не ја повторат истата грешка како во текот на интервенцијата во Ирак“, изјави Линдзи Џерман, претставничка на „Stop the War“.Протестите се одвиваа ден по повикот кој францускиот претседател Франсоа Оланд им ја упати на британските пратеници да ги одобрат воздушните удари во Сирија две седмици по масакрот во Париз за кои одговорноста ја презема терористичката организација Исламска држава.Премиерот Камерон, кој е наклонет кон проширувањето на нападите во Сирија, додека Велика Британија веќе цела година учествува во бомбардирањата на позициите на Исламската држава во Ирак, се очекува да ги повика пратениците да гласаат следната седмица.„Мислиме дека тоа не е добра поддршка за нашите француски пријатели. Мораме да извлечеме поуки од минатото“, изјави актерот Марк Риленс, со кого режисерот Кен Лоач и музичарот Брајан Ино му напишаа отворено писмо на премиерот Камерон против интервенцијата во Сирија.Протестот во саботата претставува тест за опозициската лабуристичка партија која е остро поделена во врска со интервенцијата во Сирија, за коишто се залага конзервативецот Камерон. Новиот челник на Лабуристичката партија, Џереми Корби, поранешен копретседател на здружението „Stop the War“ жестоко се противи на тие напади, но неколку лабуристички пратеници веќе се изјаснија дека ќе гласаат за напади во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.