Европа
Путин првпат по десет дена се појави во јавноста
Како што беше потврдено доцна вечерта во неделата, рускиот претседател Владимир Путин се појави во понеделникот во јавноста по десет дена отсуство што предизвика разни нагаѓања за причините за неговата отсутност, за да се сретне со киргистанскиот колега Алмазбек Атамбаев во Санкт Петербург.
Двајцата челници, како што беше најавено во соопштението на Кремљ, ги започнале разговорите за унапредувањето на соработката меѓу Русија и Киргистан, во прв ред во сферите на трговијата и вложувањата, како и во културата и енергетиката.
Состанокот со киргистанскиот претседател Алмазабек Атамбаев е првиот јавен настан на кој Владимир Путин се појави по неговото повлекување од јавноста пред десет дена кој предизвика бројни шпекулации, во прв ред во западните медиуми и на социјалните мрежи, од болест, некои медиуми, пак, објавија дека неговата партнерка, откако се разведе од сопругата му родила дете, па дури и дека умрел. Путин не се појави во јавноста од 5-ти март кога во Москва се сретна со италијанскиот премиер Матео Ренци. Неговото исчезнување од јавноста, откако ненадејно ја одложи средбата со челниците на Казахстан и на Белорусија, беше повод за шпекулациите.
„Само што Владимир Владимирович (Путин) ме возеше, самиот управуваше, само за да има помалку трачеви“, изјави Атамбаев на почетокот од средбата. „Рускиот претседател не само што оди, туку и вози“, истакна киргистанскиот претседател додавајќи дека тоа им го кажува на новинарите за да се стивнат разните слухови.
Путин, пренесуваат западните медиуми, го слушал Атамбаев смешкајќи се а потоа кусо додал „Би било здодевно без трачеви“.
Изминатите денови портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков неколкупати го демантираше сите шпекулации за здравјето на Путин, илустрирајќи го тоа и со забелешката дека „ „претседателот е толку здрав што може да ви ја искрши раката при ракување“.
Ова, инаку, не е првпат да се појавуваат шпекулации за здравствената состојба на Путин. Кон крајот на 2012 година тој откажа и одложи неколку патувања во странство што доведе до шпекулациите за неговото здравје и дека не може да поднесе долги авионски патувања. Западните медиуми потсетуваа изминатава седмица и дека во 2010 година, иако прекриено со шминка, неговото лице изгледало како да минало третман за затегнување. Тогаш беше официјално одговорено дека е само заморен и дека тоа било последица на слабото осветлување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете кое починало. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за никој да не го види или слушне неговиот плач.
Европа
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.
Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.