Контакт

Европа

Украина го продолжи примирјето за 72 часа

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко во саботата за уште 72 часа го продолжи прекин на огнот со проруските милиции во источна Украина, неколку часа откако во Брисел ја склучи Спогодбата за придружување на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Прекинот на огнот истече во петокот навечер, а одлуката на Порошенко е донесена по итните консултации со челниците на украинските безбедносни структури по неговото враќање во Киев, од самитот на ЕУ. Претходно и Вашингтон и Москва, го повикаа украинското раководство да го продолжи примирјето и преговорите со челниците на побунетото рускојазично население во југоисточните региони на земјата.Претходно во Брисел украинскиот претседател побара итно ослободување на заробениците, меѓу кои се и четворица набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), како и прекин на „инфилтрацијата на оружје и борци од руска територија“.Челникот на самопрогласената Народна Република Донецк, Алесксандар Бородај, по консултациите со претставниците на Киев, веќе претходно истакна дека бунтовниците се согласуваат да биде продолжено примирјето, „онолку долго колку што ќе предложи Порошенко“. Изјави, исто така, дека откако во петокот беше ослободена првата група набљудувачи на ОБСЕ, кои беа затворени на 26-ти мај, наскоро треба да следи и ослободувањето на другата група, којашто беше приведена од проруската милиција во Донецк на 29-ти мај.Челниците на земјите на Европската унија, на самитот во петокот во Брисел и“ дадоа на Русија три дена за конкретно дејствување за намалување на тензиите во источна Украина, по закана за нови санкции. ЕУ, според заклучоците на Советот, постави четири услови коишто треба да се исполнат до понеделник напладне, меѓу кои е и „почетокот на темелни разговори за примена на мировниот план на претседателот Порошенко“. По безредијата и стотината мртви во февруари годинава во украинската престолнина Киев , со кои беше соборен поранешниот претседател Виктор Јанукович кој поради тешката економска состојба во земјата и стравот од губење на поволностите во тргувањето со Русија претходно во ноември го суспендираше потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со ЕУ, црноморскиот полуострови Крим на кој 58 отсто од населението е руско, преку референдум ја поврати автономијата и се присоедини кон Руската Федерација, што за Западот претставува руска анексија на украинска територија.Потоа, откако новите прозападни власти во Киев го укинаа законот за јазиците со кој рускиот кој го зборат повеќе од 40 отсто на целата територија, а околу 75 отсто во југоисточните региони, го загуби статусот на службен, избувна бунтот на тамошното руското и рускојазичното населени во источните области познати под заедничко име Добнас, кои во почетокот бараа федерализација на Украина, а потоа прогласија и ткн „Народни републики“.Украинската армија од април води воена ткн „антитерориристичка“ операција против бунтовниците организирани во ткн народни милиции за самоодбрана, во којашто според Обединетите нации загинале повеќе од 400 луѓе на двете страни, меѓу кои и многу цивили, а 54 илјади се раселени во Украина и уште 110 илјади коишто се регистрирани како бегалци во Русија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Грузија сака да донесе закон за „странски агенти“, oфицијален претставник на ЕУ: Неприфатливо

Објавено пред

Висок функционер на Европската унија денеска ја предупреди грузиската влада дека предложениот закон за „странски агенти“ е неприфатлив и ќе претставува пречка во напорите на земјата да се приклучи кон ЕУ, доколку биде усвоен во сегашната форма.

dobivaj vesti na viber

Грузискиот парламент вчера го усвои законот во второто читање, за кој опозицијата вели дека е инспириран од Кремљ, додека полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера толпата демонстранти.

Владата смета дека законот е неопходен за да се гарантира транспарентно странско финансирање на невладините организации.

Секоја вечер, речиси еден месец, се поголем број демонстранти излегуваат на улиците. Вчера десет илјади демонстранти го блокираа центарот на Тбилиси на најголемиот антивладин митинг организиран досега.

Герт Јан Купман, директор на Управата за проширување на Европската комисија, за новинарите во главниот град на Грузија изјави дека Брисел ја следи ситуацијата и е загрижен за тоа што се случува.

„Гледаме загрижувачки случувања кога станува збор за законодавството. Законот за транспарентност, кој беше усвоен во второ читање, е неприфатлив во сегашната форма и ќе создаде сериозни пречки на патот кон пристапување во ЕУ“, рече Купман.

„Но, има уште време. Во септември ќе излеземе со препораки дали да ги започнеме пристапните преговори со Грузија и да објавиме извештај во октомври и ноември, така што има уште време. Но, сега топката кај владата“, додаде тој.

Грузискиот парламент се очекува да го разгледа законот во третото читање за околу две недели.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија: Не ја гледаме поентата на мировната конференција во Швајцарија

Објавено пред

Русија објави дека не ја гледа поентата на конференцијата за прекин на огнот во Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни и на која Москва не беше поканета. Швајцарската влада соопшти дека Русија „во овој момент“ не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека Москва не ја смета за веродостојна иницијатива.

„Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција“, им рече тој на новинарите. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?

„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи тој.

Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.

„Знаеме дека нема смисла да ја имаме Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја“, рече шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.

Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок врз Русија на бојното поле и обединувањето на земјите „кои ги делат принципите“ ќе помогнат Русија да биде подготвена да учествува во дијалогот.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“ и ако Киев тоа го побара од Париз, пренесува BFMTV.

dobivaj vesti na viber

„Доколку Русите ги пробија првите линии на фронтот и ако има украинско барање – што не е случај денес – би било легитимно да се постави тоа прашање“, рече Макрон.

Веќе во февруари, Макрон ја покрена можноста за испраќање западни трупи на украинска територија, потсетува БФМ.

„Како што кажав, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашата акција”, рече францускиот претседател.

Макрон рече дека „априори отфрлањето“ на можноста за испраќање војници би значело дека „не се научени лекциите од последните две години“, бидејќи во летото 2022 година биле против испраќање тенкови, ракети со долг дострел и авиони. и сега сето ова го испорачуваат во Украина.

„Имам јасна стратешка задача: Русија не смее да победи во Украина. Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, додаде тој.

„Кој може да тврди дека Русија ќе застане таму? Каква безбедност има за другите соседни земји, Молдавија, Романија, Полска, Литванија и толку многу други? И тогаш, каков кредибилитет има за Европејците кои би потрошиле милијарди, велејќи дека тоа е опстанокот на континентот и не би обезбедиле средства за запирање на Русија. Така да, не треба ништо да исклучуваме“, истакна Макрон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија4 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија5 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија7 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија8 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија9 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет10 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет10 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија10 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет11 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет11 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет11 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија22 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија22 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија23 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија1 ден

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...