Регион
Крагуевац: Една жртва, тројца исчезнати и 25 повредени во експлозијата во воената фабрика (ВИДЕО)
Според последните информации од вторникот рано вечерта, во експлозијата којашто одекнала во текот на гаснењето на пожарот во воениот Техничко-ремонтен завод во Крагуевац, едно лице го загубило животот, три лица се водат како исчезнати, додека повредени се 25 припадници на Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за одбрана.
Сите повредени се згрижени во Клиничкиот центар во Крагуевац и се надвор од животна опасност, се истакнува во соопштението на министерството за добрана, коешто го пренесуваат српските електронски медиуми..
Како што претходно беше соопштено од страна на министерот за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, и тоа на прес-конференција во Белград којашто била посветена токму на воената индустрија, првата експлозија одекнала околу 13.30 часот.
Според податоците со коишто тогаш располагаше во оваа експлозија немало повредени. Меѓутоа, малку по 15 часот се случила уште една експлозија и од пожарот поради кој се урнал еден од погоните на воениот завод поради високата температура при гаснењето на огнот, и во која имало дваесетина повредени.
Експлозијата се случила во магацинот „А 28“, каде имало погон за ремонт на муницијата, и каде што имало големо количество тромблонски мини и друг вид муниција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.