Регион
Давутоглу и Меркел за поголема улога на НАТО во мигрантската криза
Турција не може самата да ги згрижи сириските бегалци, изјави премиерот Ахмет Давутоглу во понеделникот тврдејќи дека 30.000 луѓе од сириската покраина Алепо пристигнуваат на турската граница и со германската канцеларка Ангела Меркел повикаа на создавање сигурни коридори до Европа и поголема улога на НАТО во борбата против криумчарите со луѓе.
„Никој не би смеел да помисли дека Турција којашто ги прифаќа бегалците мора самата да го понесе товарот на тоа прифаќање“, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу на прес-конференцијата по средбата во Анкара со германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел, пак, изјави дека е вџашена од патењето на сириските цивили блокирани на сириско-турската граница и предупреди дека бомбардирањето на Алепо, особено од руските сили кои заедно со силите на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад го бомбардирале градот Алепо.
Алепо е поранешната економска престолнина на Сирија, кој е инаку најголем град во земјата, е поделен од јули 2012 година на сектор под контрола на лојалистите кон претседателот Башар ал-Асад, христијани, шиити и либерални сунити кои држат 60 отсто од територијата на градот, и опозициските сунитски вооружени сили кои ги држеа источните населби. Бунтовниците од октомври 2014 година им се закануваше опсада поради напредувањето на владините сили кои се обидуваат да ги спречат правците за снабдување, а потоа беа потиснати и од силите на исламистичките групи Исламска држава и Џебхат ан-Нусра. Од минатиот понеделник сириските сили започнаа офанзива со којашто повратија под своја контрола големи делови од истоимената покраина, како и предградија на градот.
Оваа офанзива, рече турскиот премиер Давутоглу, е причина што околу 30.000 сириски цивили се натрупале на турската граница која и натаму е затворена
„Како и секогаш ќе им помогнеме на сириските браќа и ќе ги прифатиме кога тоа ќе биде потребно“, додаде шефот на сунитско исламско-конзервативната влада на Турција која ги помага бунтовниците против алавитскиот (шиитски) сириски претседател Башар ал-Асад.
Давутоглу притоа јасно предупреди дека неговата земја којашто веќе примила 2,7 милиони Сиријци, не може дамата да го понесе товарот од бегалците. Истакна дека со Меркел договори подобра соработка против криумчарите со луѓе и олеснување на работата на европската агенција за граници Фротнекс.
Анкара и Брисел кон крајот на ноември постигнаа договор за акциски план со кој Европската унија се обврзува со 3 милијарди евра во замена за подобра контрола на турските граници и борбата против криумчарите со луѓе.
Канцеларката Меркел изјави дека сакаат да осигурат безбеден и легален пат за бегалците, „Сакаме да обезбедиме сигурен пат, легален пат за бегалците“, рече и додаде дена министрите на НАТО го разгледуваат чекорите за вклучување на воениот сојуз. Во настојувањата да се спречи илегалната миграција, канцеларката и турскиот премиер изјавија дека планираат заедничка операција на Фронтекс и на турската крајбрежна стража./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.