Регион
Двајца војници загинаа во експлозија на бомба во Турција
Двајца војници на турската армија загинаа а четворица се ранети во експлозија на автомобил бомба во курдскиот југоисточен дел од Турција, откако забранетата Работничката партија на Курдистан (PKK) објави дека нема да го почитува примирјето прогласено пред две години, по воздушните напади на турската авијација врз нејзините позиции во северен Ирак, пренесуваат медиумите.
„Двајца наши луѓе се убиени во ужасниот напад, четворица беа ранети“, се вели во соопштението на турските власти додавајќи дека е покрената голема операција да се пронајдат сторителите. Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад.
Инцидентот се случил кога конвој на вооружените сили се движел в округот Личе, во покраината Дијарбекир, чиј истоимен административен центар се смета за главен град на турски Курдистан.
Турските медиуми пренесуваат дека откако Анкара ги започна воените операции против Исламската дражва и Работничката партија на Курдистан при што се преземаат артилериски и воздушни напади врз нивните бази во соседните Сирија и Ирак, PKK се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето.
PKK во саботата објави дека нема да може да го почитува прекинот на огнот, по најтешкиот напад на турските воздухопловни сили врз нејзините позиции во северен Ирак, односно автономниот регион ирачки Курдистан по август 2011 година.
Турските сили ги напаѓаа од воздух и од копно во саботата позициите на Курдите во областите Зап, Метин, Гара Авашин, Синат, Хафтанин, Хакурк, Канди.
По децениите борба за курдска автономија во Турција и десетиците илјади загинати во пролетта 2013 година започна мировниот процес меѓу Анкара и PKK со делумно разоружување на бунтовничките сили, кое беше прекинато откако беше обвинета турската влада дека не ги спроведува мерките во поглед на подобрувањето на статусот на курдското малцинство./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.
Регион
(Фото) Трагедија: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила в река во Албанија
Полицијата во Албанија соопшти дека мајка со три деца се фрлила во реката Бојана и дека нејзиниот маж е уапсен. Полицијата го уапсила Ергис Арази (31) поради насилство врз сопругата Алма Арази (39), која наводно се самоубила со трите деца. Децата беа на возраст од девет, шест и четири години, пишува Блиц, кој пренесува на порталот Euronews.al.
View this post on Instagram
По трагичниот настан, рибар го пронашол телото на 9-годишната ќерка, а надлежните се уште трагаат по телата на мајката и уште двете деца кои исчезнаа пред три дена. Полицијата наведува дека постои сомневање дека мајката го напуштила станот со децата бидејќи сопругот ги малтретирал. Тој додава дека Арази (31) и претходно бил осуден за обвиненија поврзани со дрога.