Регион
Кој ќе го апси Шешељ?
Хашкиот трибунал го продолжува циркусот со осуденикот Воислав Шешељ кој не сака доброволно да се врати во келија, па најверојатно ќе мора да го носат. Хашкото обвинителство во понеделникот побара од Судскиот совет на Трибуналот да ја укине својата одлука од 6 ноември за привремено ослободување на Шешељ, анализира српскиот весник „Блиц“.
Претходно, главниот обвинител Серж Брамерц повеќе пати изјави дека, поради процедурални причини, нема да се жали. Од Хашкиот трибунал за Блиц изјавиле дека барањето на Брамерц стигнало до судиите кои ќе донесат одлука во догледно време. Кога точно, не прецизирале. Воислав Шешељ во секој случај нема намера доброволно да оди во хашкиот притвор.„Јас не сум точната адреса на којашто треба да барате одогвор на прашањето што ќе биде понатаму. Тоа е прашање за Александар Вучиќ и Томислав Николиќ. Сам нема да се вратам“ изјавил Шешељ.Блиц го поставува прашањето кој ќе го апси Шешељ со оглед на тоа дека Србија не е обврзана да го уапси, и хронолошки ги реди случувањата поврзани со ова.Судскиот совет донесе одлука за ослободување на Шешељ поради белест. Обвинителството не се жалеше. Услов 1: Шешељ да се врати кога ќе го повикаат. Услов 2: Белград да не му издава пасош. Шешељ се согласи на двата услови на Хаг. Европскиот парламент го повика Трибуналот да ја преиспита одлуката за ослободување на Шешељ. Обвинителството сепак одлучи да се жали. Судот со ниедна одлука не ја обврза Србија да го апси Шешељ на своја територија.Директорот на Комитетот на правници за човекови права, Милан Антониевиќ вели дека Хаг е единствено виновен за лакрдиите со лидерот на радикалите. „Трибуналот сега мора да објасни зошто си поиграа со Србија и регионот. Нејасни беа условите за пуштањето на Шешељ на слобода, па сега е нејасно и што тој прекрши. Ги нарушија односите во регионот и вината за тоа можеме да ја препишеме само на Хаг“ изјави Антониевиќ.Хрватскиот полициски генерал Младен Маркач во 2007 година беше вратен од Хаг во Загреб откако ги прекрши условите за привремено пуштање на слобода бидејќи заминал на лов. Како причини за враќање на Шешељ во Хаг се наведуваат изјавите дека нема да одговори на повиците на Хаг, им се заканувал на луѓе кои соработуваат со Обвинителството и се покажало здравјето не го спречува да делува политички./крај/бл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) „Мажот ја навредувал и изневерувал“ – Обвинителството во Албанија со детали за мајката што скокна во река со своите деца
Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Скадар во комуникација до медиумите изнесе повеќе детали за трагедијата во семејството Арази во албанскиот град Скадар, каде досега се пронајдени телата на две деца, додека потрагата по телото на мајката и третото дете продолжува.
„До оваа фаза се утврдени сомнежи врз основа на докази дека државјанин Е.А., како последица на континуирано психичко насилство врз неговата сопруга, манифестирано во форма на континуирани навреди и прељуба, тешко нарушувајќи го нејзиното достоинство, го предизвикал самоубиството на А.А., за која се сомнева дека во тешка психичка состојба, се фрлила во реката заедно со трите малолетни деца“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Алма Арази (39) со трите деца скокна во студената река.
Телото на најстарото девојче било пронајдено вчера во реката, додека телото на второто денеска.
Во потрагата учествува и рибарот кој вчера пронашол едно од девојчињата и кој рекол дека потрагата е многу комплицирана.
По страшната трагедија, нејзиниот сопруг е уапсен и обвинет за семејно насилство и предизвикување самоубиство.
Новинарот на „Еуроњуз Албанија“ рече дека за време на сведочењето дадено во полиција, 39-годишниот сопруг Ергис Арази се појавил многу ладен за време на испрашувањето, не покажал никакви емоции и ги отфрлил обвинувањата дека ја малтретирал сопругата или другите деца.
Тој рече дека парот бил во стабилна економска ситуација, претходно живеел во Италија и Германија, а неодамна се преселил во Скадар.
Арази, откако неговото семејство било пријавено за исчезнато, два дена подоцна бил виден во кафуле со пријателите и наводно воопшто не бил вознемирен, наведува „Voxnews.al“, повикувајќи се на изјавите на неговите пријатели.
Како што рекоа, тој бил сосема мирен.
Семејството на Ергис тврди дека тој никогаш не би им наштетил. Тие тврдат дека парот имал проблеми меѓу себе, но дека Ергис Арази не бил насилник.
„Ги обожаваше децата. Тој никогаш не би им наштетил. Работеше цел ден во сервис за мобилни телефони за да ги испрати во приватно училиште. Можеби имал проблеми со сопругата, но таа никогаш не требало да им го прави тоа на децата. Тоа нема да и го простиме“, рекле тие.
Регион
Србите објавија детали за дочекот на кинескиот претседател во Белград: „Вучиќ ќе му служи српски вина“
Претседателот на Кина, утре пристигнува во дводневна посета на Белград, а во тек се последните подготовки за неговото пристигнување.
Тој ќе биде придружуван од делегација од 400 луѓе, а ќе го обезбедуваат 3.400 полицајци.
„Блиц“ го објави планот за неговиот пречек.
Кси на аеродромот ќе биде пречекан со свечена церемонија и фолклор. Покрај патот во Белград ќе бидат поставени кинеско-српски знамиња, а на надвозниците ќе бидат испишани пораки.
Свечен дочек ќе биде организиран и пред Палатата Србија. Српскиот и кинескиот претседател ќе потпишат триесетина договори.
За време на ручекот ќе се служат српски јадења и вина, а претседателот Вучиќ лично ќе служи Џинпинг со српски вина, од пенливи до десертни вина, од кои повеќето се автохтони српски сорти.
Девојка од Србија ќе ја отпее песната „Татковино и јас“ на кинески, додека хорот „Чаролије“ ќе ја изведе песната „Прекрасен јасмин цвет“, исто така на кинески. .
Програмата ќе заврши со песната „Ова е Србија“, објави српскиот портал.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.