Регион
Мета: Изјавите на Рама во Белград се конструктивни
Албанскиот државен врв даде силна поддршка на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама, дадени на прес-конференцијата со неговиот домаќин Александар Вучиќ, во врска со Косово.
Претседателот на албанското Собрание, Илир Мета рече дека изјавата на Рама е сосема конструктивна бидејќи е многу нормално Тирана да побара од Белград, Србија да го признае Косово како независна држава. Медиумите кои пренесуваат бројни информации за посетата на Рама, во најголем дел даваат силна поддршка на ставовите што Рама ги пренесе за време на посетата на Белград.
Сепак, има политичари од опозицијата кои сметаат дека посетата на Рама на Белград ги враќа односите меѓу Тирана и Белград на „нула“. Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Тритан Шеху смета дека посетата не придонесува за подобрување на односите меѓу Албанија и Србија, додека пак поранешниот албански претседател Сали Бериша, кој сепак е духовен водич на опозицијата, смета дека ефектите од посетата се половични.
Опозицискиот печат во Албанија оценува дека посетата на Рама потфрли. Засега нема изјави на претседателот Бујар Нишани и други видни албански политичари, а се очекува да го соопштат своето мислење по посетата што албанскиот премиер ќе ја има во вторникот во Прешево./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Захарова: Западот планира да ја дестабилизира Србија со механизмите на „обоени револуции“
Западните земји прават планови за дестабилизација на ситуацијата во Србија, користејќи механизми на „обоени револуции“ и вршат притисок врз легитимните власти на земјата, додека Русија бара да престане мешањето во внатрешните работи на суверената држава, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Го следиме она што се случува во Србија во контекст на плановите на Западот да ја дестабилизира ситуацијата во земјата. Тие се обидуваат да го турнат неговото раководство до границата каде што ќе треба да избере: да ја продолжи политиката во корист на својот народ или да се сврти кон патот на договор“, вели Захарова, а пренесува агенцијата „Срна“.
Таа посочи дека Приштина со поддршка на САД и ЕУ прави напори да создаде неподносливи услови за српското население на Косово, што всушност е обид да ги истисне од регионот, објавено е на веб-страницата на руското Министерство.
„Судејќи според некои информации, косовскиот премиер Курти планира нови меѓуетнички инциденти за време на новогодишните и божиќните празници, за кои одговорноста однапред беше јавно поставена на српската партија и на православната заедница, изјави Захарова.
Таа додаде дека овие постапки се грубо кршење на основните права и слободи на граѓаните и се закануваат со нагло ескалирање на состојбата со најстрашни последици во регионот.
„Западните престолнини сè уште имаат можност да влијаат на своите штитеници во Приштина и да спречат политичка одмазда против претставниците на српската заедница. Силно ја поддржуваме пријателска Србија и братскиот српски народ на суверената држава“, рече Захарова.
Регион
Хрватска под ударот на страшно невреме: на сила е црвен метеоролошки аларм
Во делови на Хрватска денеска е во сила црвен метео alarm поради силно невреме на брегот и удари на ветер до 185 километри на час, јавува порталот „24сата“.
Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот Велебит и подрачјето на Централна Далмација, каде се очекува силно невреме со ветрови со урагански сили до 185 километри на час.
Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод, исто така, предупреди на можни штети по инфраструктурата и здравствени опасности од ваквото невреме.
Истовремено, големо количество снег наврна и во Лика, каде во текот на денот се очекуваат температури меѓу нула и четири степени.
Бурните ветрови и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, дел од земјата е покриен со снег, а ветровите со урагански сили го вклучија метеоролошкиот аларм.
Регион
(Видео) Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили меѓу нив и деца: Го поминавме Божиќ смрзнати
Вчера неколку лица, меѓу кои и пет деца, останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа.
Спасувањето, велат, се одвивало во најтешки можни услови, а од возилата биле извлечени 48 лица.
„Подигнати беа и силите на ДВД Плитвички езера, а на локацијата Кељево Брдо беа испратени пожарникари на ЈВП Плитвички езера и 9 пожарникари на ДВД Плитвички езера во 4 возила.
Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници.
11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место.
Така го поминавме Божиќ на снег, смрзнати, но среќни бидејќи сите беа згрижени“, напишаа надлежните на Фејсбук како резиме од спасувањето и додадоа дека во текот на денот имале уште две интервенции, згрижување животно и една поплава поради покачувањето на нивото на реката, пренесува Јутарњи.