Daily news
(ВИДЕО) Дипломатите поделени за средбата во Солун- ладен туш за Македонија или утешна награда за непоканетите во Трст?
Ладен туш за Македонија од Солун или утешна награда за непоканетите во Трст? Дипломатите се со поделени мислења околу прашањето како треба да се толкува трилатерланта средба на Ципрас, Борисов и Вучиќ, но и пораката испратена од страна на тројцата лидери. Додека македонското министерство за надворешни работи ја поздрави средбата и порача дека во иднидна би било пожелно на регионалните средби да учествуваат и земјите кои се споменуваат во разговорите, познавачите на надворешната политика се со поостри пораки.
Универзитетскиот професор и екс-амбасадор Нано Ружин, порачува дека Македонија сега треба да ја разгледа идејата за иницирање средба со другите земји од Западен Балкан. „Јас би сугерирал да се одржи средба со останатите држави од Западен Балкан кои не беа поканети. Албанија, КОсово ,Босна ,Црна Гора. Овој самит, со други зборови е утешна награда за љубоморниот Вучиќ, кој не беше поканет во Трст“ – вели Ружин.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски , пак, е загрижен дека трипартитната средба е одраз на аспирациите, кои ги имаат соседите кон Македонија.„Борисов, Ципрас и Вучиќ ги острат ножевитекон Макеоднија, свесни дека нашата држава е на колена, дека следи расплет и секој од нив сака поголемо парче од колачот. Но тоа е погрешано бидејќи нема сила што ќе го дозволи тоа, иако тоа е на маса.“ – вели Никовски.
Ружин сепак не гледа причина за загриженост. Во позадина на средбата тој оценува дека се лините интереси на тројцата политички лидери на кои им треба афирмација и овој смаит според него ќе се заборави за десетина дена.
-Да беше почеток на 20 век ќе бевме загрижени , бидејќи знаете кога соседите се заедно прва рефлексија е заговор против вас, но живееме во глобализација, епоха кога е пожелно соседите да се сретнуваат. -вели Ружин. И додава дека Македонија е голем победник.„ Македонија излезе со големи симпатии од Самитот во Трст дури констатитравме љубомора од Атина.Има чувство на реваншизам дека Македонија е протежирана а Грција е под удар на светските и европските фондови…тоа е порака дека тешко ќе оди со надминување на проблемот со името.Веројатно евентуалниот прием на Македонија ќе значи отстпаки кон Грција од страна САД и ЕУ. Овој самит ќе се заборави за десет дена.Потврдија само дека водата е мокра, дека сите сакаат мир и стабилност. – додава Ружин
Се работи за финализација на постјугословенската криза, обид да се стави до знаење дека ервопска перспектива нема, вели Никовски кој исто така се навраќа на средбата Милошевиќ-Мицотакис , но според него над Македонија повторно виси опасноста да биде жртва.
„Солун е потврда дека ни се пишува лошо. Се направи се што е во можност на големите сили, пред се од страна на Вашингтон во поддршка со Брисел, Макеоднија да се доведе до свршен чин. И ако не с одбраниме, ако дозволиме преку договорот со Бугарија и уцената од Брисел дека нема ЕУ и НАто без промена на името, ќе дозвлоиме голема грешка…македонскиот народ ќе биде избришан.“ – смета Никовски.
-Од друга страна пак се гледа дека има отворени аспирации кон Македонија од Грција, Бугарија, Тиранска платформа…очигледни напори и активности за да го средат Балканот и во сите тие напори Македонија е на маргините, жртва на сите комибнаторики, бидејќи се смета дека е момент да го разнебитат македонскиот народ…Нема да има промена на граници и војни, но ќе направат преструктуирање со кое нема да остане ништо од македонштината. Мора да бидеме максимално внимателни со овие настани, пред нас е опасен период од кој може Македонија се да загуби.- додава Никовски.
Само стабилна Македонија и суштински дијалог за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со името се предуслов за целосна поддршка за евроатлантските перспективи на Македонија- е заедничкиот став на грчкиот премиер Алексис Ципрас, бугарскиот премиер Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.